Tuesday, January 21, 2014

Ѓорѓи Војтех - стрип

„Đorđe Vojteh“ (Ѓорѓи Војтех), посветен на истоимениот скопски големец, е стрип на тандемот Д. Ташковски (сценарио) и М. Топуз (илустрација), објавен како 160-ти број на стрип едицијата „Никад робом“ на 2 август 1968 година.



Во воведот на овој стрип пишува:

„Отпор на тиранијата

Пљачките и насилството кои ги вршеле византиските војници над македонските Словени биле секојдневна слика во Македонија.

Тaа неподнослива состојба ги присилила македонските Словени по трет пат, по пропаѓањето на Самуиловото царство, да се дигнат на востание. Востанието избило во моментот кога Византија трпела големи порази на три краја од својата Империја: во Мала Азија од Селџуците, во Италија од Норманите, а на Балканот од Унгарците.

Меѓутоа искуството од претходните востанија (1040 и 1066) ги натерало македонските првенци во ова востание од 1072 година, да побараат сојузник вон Македонија, во останатите словенски браќа. За помош се обратиле кај зетскиот кнез Михаил, кој во тоа време ја имал најмоќната словенска држава на Балканот.

Иако и ова востание во Македонија било задушено, македонските Словени никогаш не престанале да се борат за својата слобода и за животот достоен за човек.“

No comments: