Saturday, September 07, 2013

Приказната за УЧК во Македонија

Иако од 2012 година, последната седмица по социјалните мрежи актуелен беше написот „Хаг се уплаши од мојата приказна за УЧК во Македонија“, објавен на 10 декември 2012 година во весникот „Нова Македонија“. Во написот, холандскиот новинар Хуб Јаспер, тврди дека терористи, етнички Албанци, од конфликтот во Македонија од 2001 година, откако биле уапсени од страна на КФОР, биле ослободувани по барање на САД:

„Командантот на КФОР, германскиот генерал Клаус Рајнхарт рече дека кога КФОР ќе уапсел некој УЧК-а што се борел во Македонија, наредниот ден Американците му наредувале да ги ослободи...“[1]

На прашање за неговото истражување за случувањата од конфликтот во Македонија од 2001 година, Јаспер вели:

„Првпат дознав дека борците на ОНА или УЧК се тренирани од земји-членки на НАТО преку строго доверливи документи. Имајќи ги информациите од документите, поради моето искуство, сепак не избрзав и не ги објавив веднаш, како што знаат да направат некои мои колеги. Почекав и одлучив да ги проверам тврдењата во документите што ги имав бидејќи не бев сигурен дали сѐ што пишуваше во нив е точно, а истовремено и бидејќи никогаш не објавувам приказни од еден извор. Во конкретниот случај стануваше збор за тајни документи и делови од официјални писма на неколку различни земји за настаните во Македонија. Иако стануваше збор за неколку агли на приказната, мене тоа не ми беше доволно. Се обидував да најдам дополнителни докази за мојата приказна, кои не беа поврзани со разузнавачките служби и успеав во тоа. За да ја поткрепам приказната во тоа време направив интервју со командантот на КФОР, германскиот генерал со четири ѕвезди Клаус Рајнхарт, кој служеше во Косово. Во разговорот, тој изнесе тврдења дека знаел оти некои борци на УЧК во Косово заминале да се борат на страната на ОНА во Македонија. Тој ми ги потврди фактите што веќе беа во документите, но и ми додаде нови информации, а според него, често кога КФОР ќе уапсел некој од борците на УЧК што заминувале да се борат во Македонија, наредниот ден Американците му наредувале да ги ослободи. Тој беше револтиран и отворено говореше околу проблемот. Рајнхарт велеше дека НАТО-командантот на Европа му давал наредби да апси вакви луѓе, а кога ќе ги уапсел, речиси истовремено по испраќањето на документите за акциите стигнувале нови наредби, но од највисоко рангираниот американски офицер за Европа, да ги ослободи приведените борци на УЧК. Имајќи официјална подлога за објавување, сепак одлучив дополнително да истражувам за комплетно да ја поткрепам приказната. Следуваа многубројни интервјуа, како на пример, со сега покојниот поранешен министер за надворешни работи на Холандија, Макс ван дер Штул, како и многумина европски новинари очевидци на дел од тие настани, кои, за среќа, и ми ги дадоа потребните фотографии и видеоснимки за да ги докажам моите тврдења. Ако се сеќавате на нив тоа е фотографијата како борците на УЧК се качуваат во автобус, а се спроведувани од неколку војници што имаа ознаки на американската армија. И кога веќе имав сѐ што е потребно за еден професионален текст и прилог и бев сигурен во себе, одлучив да ја објавам приказната.“[1]

По повод овој напис, претседателот на СМК, Тодор Петров напиша:

„Ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано!

Војната во Македонија 2001 година не беше војна меѓу Македонците и Албанците, ниту војна меѓу православните и муслиманите. Војната во Македонија 2001 година беше симулирана војна за имплементација на определени глобални интереси на некои големи сили за свои сфери на влијание на овие простори. Зад војната во Македонија 2001 година стоеа тајните служби на НАТО и САД. Така беше и со воените игри за границата меѓу Македонија и Србија, односно Македонија и Косово. Така беше и со ликвидацијата на претседателот Борис Трајковски во 2004 година.

Македонците очекуваат САД, Европската Унија и НАТО Алијансата да се откажат од обиди за рекомпонирање на власта и дестабилизација на државата Македонија со етнички и верски тензии поради цел промена на нејзиното државно име!

И повторно, ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано!“[2]

Дека терористите од конфликтот во Македонија од 2001 година се поддржувани, тренирани и финансирани од западни земји, посебно САД и дека војната се водеше за интересите на Вашингтон твди и Мишел Чосудовски (Michel Chossudovsky) професор на универзитетот во Отава:

„...системот на ОН "финансира тероризам", со создавање на грд преседан во историјата на ова почитувано меѓународно тело: "Обединетите нации исплаќаат плати на повеќемината бандити", кои сега се вклучени во терористичките напади во Македонија... Герилската војна во тетовскиот регион на Македонија се финансира и затоа е контролирана од страна на Вашингтон... Вашингтон пумпа пари во ОВК... Терористичките напади во Македонија и во јужна Србија служат за стратешките цели на Вашингтон преку бесрамно кршење на меѓународното право...“

No comments: