Забрана на еутаназијата на бездомните животни

Авторот на овој блог ја поддржува иницијативата на Анима Мунди, за забрана на еутаназијата на бездомните животни.

„Инсистираме на Законска забрана на еутаназија врз здрави и неагресивни бездомни животни, а не Предлог законската промена на Агенција за храна и ветеринарство со која, по 30 дена чување, секое бездомно животно ќе може да биде убиено! Анима Мунди има доставено бројни барања, Амандмани и коментари врз тој предлог закон.“ - Анима Мунди


„Во моментов се донесува нов Закон за заштита и благосостојба на животните, а ние се обидуваме да влијаеме во процесот колку што можеме. Поднесовме бројни Амандмани, коментари, барања.. Бараме пред се 1) забрана за еутаназија на бездомните животни (зошто над 70% од животните во Македонија се убиваат)...“ - Анима Мунди

No comments: