Македонска ризница, осми број

Број 8 на електронското списание „Македонска Ризница“

















Со гордост Ви го претставуваме осмиот број на „Македонска ризница“.

Она што започна како идеја на група ентузијасти денес со сигурност прераснува во шаренолик мозаик од историја, литература, уметност, документи и фотографии кои во себе го носат духот на сè она што е македонско.

Голема благодарност до нашите бројни соработници кои несебично дадоа придонес во создавањето и развивањето на „Македонска ризница“. За нас тоа претставува дополнителен поттик и потврда да продолжиме со нови и секогаш интересни содржини.

Во овој број на „Македонска ризница“ ја издвојуваме соработката со ценетата Д-р Анета Светиева, како и интервјуто со Весна Ничевска Саравинова.

„Македонска ризница“ постојано ги следи активностите на нашите македонисти и големи афирматори на Македонија во светот. Овој пат ви го претставуваме Шенол Сак од Турција.

No comments: