Македонофобите продолжуваат со хајката против „Трето полувреме“

Одредени Бугари со константно негативен однос кон Македонија и кон Македонците, продолжуваат со својата валкана кампања за оцрнување на македонскиот кандидат за оскар, филмот „Трето полувреме“.

(види и Кој го руши рејтингот на „Трето полувреме“ на IMDB?)

Еве што порачува еден од нив, преку пораки кои што циркулираат по социјалните мрежи (принтскрин благодарение на Kuzman Mato):

Превод:

„Линк на IMDB, кон еден од најантибугарските филмови, македонистичкиот „Трето полувреме“. Македонистите се активирале и филмот има неверојатно голем рејтинг 9.0. Добро е да се гласа со ниска оценка - IMDB е дост авторитетен сајт и успехот на овој филм е загуба за нас.“

Ако не сакате да успеат во нивниот напор за лажирање на резултатите и злонамерно рушење на оценката која што филмот ја има, гласајте на IMDB со онаа оценка за која што сметате дека филмот ја заслужува.

3 comments:

Lazo Taleski said...

Na vakvite gnasni bugari,sekogas im smeta vistinata,se razbira mislat deka svetot neznae za nivnoto ucestvo od stranata na hitlerovska germanija a so toa stanaa i tie fasisti.Bugarskoto skolstvo gi laze maladite pokolenija taka da tie voopsto neznaat za nivnata vistinska istorija,zatoa namesto da glasaat za ocrnuvawe na makedonskiot film treto poluvreme,neka nabavat stranski ucebnici po istorija i neka ja vidat vistinata,pozdrav.

Anonymous said...

Ajde bre ne znaem. No ne sme gnasni. No luge shte vaka za drugi lugi velat sigurno tie sa i denes shovinisti. A filmot e poln so lagi i samo glupci mogat da mu veruvat. Na osnova edna vistinska istoria, taa na Neta Koen da se gradat veshtachki obrazi na minatoto, kako hiperbola na se realno - vo toa Darko e majstor.

Internet Macedonian said...

Ниеден игран филм не тежнее кон прикажување на апсолутната вистина до најмалиот детаљ. Па така ни „Трето полувреме“. Нема причина зошто тој би бил исклучок и зошто од него да се бара да прикаже се` онака како што било.

Се разбира дека на базата на реални настани и реален фон се поставени и некои измислени случки, дека нешто што реално се случило во филмот е истакнато повеќе, а нешто друго не е ни спомнато. Впрочем така е со секој игран филм кој е базиран на реални настани. А и историјата како наука не е до толку прецизна, па да знае дали Ребека се вљубила во Коста во вторник или во четврток :) Реализам може да се бара од документарен филм, од игран се бара нешто друго.

За крај јас лично немам впечаток дека филмот е антибугарски и дека македонската публика го прими со огромен ентузијазам поради наводниот антибугаризам прикажан во него. Не знам дали си го гледал [spoiler!], на пример во еден дел се спомнува оти некои бугарски пратеници застанале силно против депортирањето на Евреите.

Поздрав!