Saturday, January 15, 2011

Не викајте ме Торбеш

Неколку стиха излезени од длабочините на душата на македонскиот поет Сами Лимани:

Не викајте ме ТОРБЕШ
зашто и сонцето пци ќе ми го исколат
и кобили со врели копита
градиве ќе ми ги здробат.

Зарем ова не ве потсетува на кампањата "Don't you FYROM me" во која бараме да не нè нарекуваат со вештачка кованица која не е наше име.

Зошто непотребно да се делиме сами меѓу себе? Македонците муслимани се наши браќа и ние имаме обврска да ги прифатиме како такви.

Нема потреба ним да им го колеме ова преубаво македонско Сонце, кое сака да грее за сите оние коишто стојат под него.

Зошто? Еве зошто:

Ме викате Торбеш но горам од љубов
за секоја грутка на мојава земја.
Вардар, Пирин, Егеј ми го пленат умов
на срце ги носам како пролет цветна.

Не знам дали е застапена во нашето образование, но ако не е тоа под итно треба да се поправи. Во врска со македонштината која не зависи од религиската определба, самата песна е посилно сведоштво и може повеќе да каже одошто нечии излитените зборови.

Доколку сакате да ја прочитате целата негова песна "Не викајте ме Торбеш" кликнете овде!

1 comment:

Anonymous said...

МАКЕДОНЦИТЕ ХРИСТИЈАНИ И МУСЛИМАНИ

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Македонците христијани и Македонците муслимани се нераскинлив и неотуѓив дел од Македонскиот народ кој е носител на државноста на Македонија!

Македонците христијани и Македонците муслимани имаат заеднички етнички, јазичен, културен, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор.

И Македонците христијани и Македонците муслимани, заедно биле жртви на Балканските војни 1912-1913 година, кога е извршена окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ кој се’ уште трае.

И Македонците христијани и Македонците муслимани, заедно се бореа за ослободувањето од наци-фашизмот и за обединувањето на Македонија во Втората Светска Војна!

И денес, после 100 години од Балканските војни 1912-1913 година, актерите и интересите кон Македонија и кон Македонците се исти. Македонија и во 21 век е изложена на агресија по сите основи од сите страни, со обиди, Македонците христијани да се асимилираат во Бугари, Грци и Срби, а Македонците муслимани да се асимилираат во Албанци, Бошњаци и Турци.

Македонците христијани не се ниту Бугари, ниту Грци, ниту Срби, туку само етнички Македонци!

Македонците муслимани не се ниту Албанци, ниту Бошњаци, ниту Турци, туку само етнички Македонци!

Македонец не е синоним за христијанин, како што ни Албанец не е синоним за муслиман, иако мнозинството муслимани во Македонија се Албанци. Македонците се и христијани и муслимани и во Македонија и во Албанија и во Косово. И Албанците се и христијани и муслимани и во Македонија и во Албанија и во Косово.

За жал, Македонија е изложена и на внатрешниот врховизам и колаборационизам од одродници и предавници кои работат за туѓи и други интереси, дури и не го кријат тоа!

Ако Албанец е синоним за муслиман, зошто Албанците ја присвојуваат Мајка Тереза како Албанка, иако таа била католикиња? Ако Албанец е синоним за муслиман, зошто Ибрахим Ругова остана икона за Албанците на Косово, иако умре покрстен од Папата? Ако Албанец е синоним за муслиман, зошто Албанците го слават Ѓорѓија Кастриот Искендер, иако тој не бил муслиман, туку Македонец православен кој се борел против исламизацијата на Албанија со помош од Папата?

Еве и Рамуш Харадинај, поранешен премиер на Косово и лидер на ОВК, бил католик, тој никогаш не влегол во џамија!

Зошто Македонците не можат да бидат и христијани и муслимани?

Ниту христијанството ќе го вратиме во времето на инквизицијата од средниот век, ниту исламот ќе го вратиме во шестиот век од нашата ера. Но, тоа не значи дека сме помали верници од христијаните во првиот век или од муслиманите во шестиот век, ако не се придржуваме на догмите од првиот и шестиот век, а ги користиме развојот на цивилизацијата и технологиите во 21 век.

И затоа, во Македонија никогаш нема да владее шеријатското право, во Македонија никогаш нема да владее инквизицијата!

Во Македонија најстрого ќе биде казнет секој кој поттикнува и разгорува етничка, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост! Од Македонија ќе биде протеран секој натурализиран македонски државјанин кој поттикнува и разгорува етничка, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост!

Ние Македонците, христијани и муслимани, мора да се спротиставиме на албанизацијата на Македонската држава преку исламот, затоа што исламот не е албанска вера, ниту Мека е во Албанија или Косово, ниту пророкот Мохаммед бил Албанец!

Ние, Македонците денес, христијани и муслимани, имаме историска одговорност за семакедонско помирување и обединување, независно од предизвиците и искушенијата, затоа што само единствени ќе останеме свои на своето!

Македонија ни припаѓа нам на Македонците!

И покрај се, Македонците имаат сила и вера за Македонија!

Во Македонија, ние Македонците веруваме!

Македонија вечна! Амин!