Thursday, September 16, 2010

Слика на Александар Велики

За првпат ја забележав сликава пред година и неколку месеци, на блог од една другарка. Природно беше да си помислам дека е изработена од некој Македонец, ама не било така. Не само што авторот не е Македонец, туку и не се работи за момче, а за девојка.

Набргу ја контактирав авторката со провокативно писмо во кое ја запрашав зошто на сликата 16кракото сонце е поставено на црвена, а не на сина позадина, па нели Александар е Грк? Не помина многу за да ми врати порака во која пишуваше дека секако оти црвената боја ќе преовладува кога Александар е Македонец, а не Грк! Дури и ме упати да го погледнам старото знаме на Република Македонија.

Имајќи предвид дека во последно време не мал број Македонци ги користат нејзините слики како аватари или позадини, без да се знае и наведе од кого се изработени, би сакал да и' одддадам почит на Кирси Салонен, девојката од Финска, автор на две слики на кои е прикажан големиот македонски крал и војсководач, Александар III Македонски.

No comments: