Sunday, August 01, 2010

Македонско гравче за Гинис

На 8ми Август, на големиот верскиот празник Св. Петка во с. Сарчиево, Штип ќе се направи обид за рушење на светскиот гинисов рекорд за најголем котел во којшто се варел грав. Во котелот ќе се вари гравче во количина од 3450 килограми, а подготовката и варењето ќе ги надгледува официјален судија од Гинис.

На истиот ден ќе биде осветена и новата летна црва Св. Петка, а ќе има и богата културно уметничка програма која ќе трае од 07 до 15 часот. Се очекува на манифестацијата да присуствуваат Претседателот и Премиерот на Република Македонија и Поглаварот на македонската православна црква.


Село Сарчиево е на 15 км северозападно од Штип Google maps

No comments: