Повторното будење на духовите за промена на името

Откако претседателот Иванов изјави дека во спорот што го имаме со јужниот сосед неговиот став е Република Македонија за севкупна употреба [1], повторно се разбудија духовите за промена на името [2]. Само во изминатата седмица по медиумите проструија повеќе написи во насока на виткање кичма. Еве дел мал дел од нив:

  1. Видео: Членови на раководството на СДСМ јавно повикуваат на менување на името, Пулс24, 01 јули 2013
  2. Филе: Време е да направиме нешто околу името, 24 Вести, 02.07.2013 | 18:08
  3. Стано: ЕК поддржува секаква иницијатива за решавање на името, Топпост.мк, јул. 04
  4. „Да го решиме спорот со името - јас вие и Нимиц“ - Груевски до Самарас, Maxim,4. јули 2013
  5. Бренгелман: Решето го прво спорот за името, па потоа во НАТО, Телма, 05.07.2013
  6. Шеќеринска: Името може да се реши - СДСМ е подготвен за компромис, Прес 24

На ваквите медиумски пробни балони да одговориме дека името на нашата татковина Македонија и вековниот македонски идентитет не се за продажба.

преземена слика
Едно име, една нација, МАКЕДОНИЈА засекогаш!

[1] Иванов: Мојот став е - Република Македонија erga omnes, Дневник, 22.06.2013: „Мојот став за името е Република Македонија erga omnes (за севкупна употреба), порача Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и посочи дека земјата е конструктивна и прави се за изнаоѓање решение за наметнатиот спор.“
[2] Никола Гелевски: мојот избор е јасен - промена на името на државата!, Мактел, Сабота, 29 Јуни 2013

1 comment:

Anonymous said...

МАКЕДОНИЈА ЕРГА ОМНЕС! Државното име е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и граѓаните, во апсолутно мнозинство гласаа "ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА" без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите! Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет од Владата бараат итен и безусловен крај на разговорите за промена на државното име и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка "Република" како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција Македонија, независно од историските хипотеки, окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик "Republic of Macedonia", со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и на Македонскиот јазик! Доколку антимакедонизмот на Елада, грчкиот геноцид врз Македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина, Македонците го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со ЕУ и НАТО! Светот и историјата ниту започнуваат ниту завршуваат во Брисел и Стразбур! Кој мисли дека може нешто да смени или да води војна за промена на државното име Македонија, само нека проба! Ќе изгори! Предавниците и одродниците веќе си ги покажаа роговите! На сите кои не сакаат да живеат во државата Македонија, границите им се отворени!

Тодор Петров