Friday, July 12, 2013

Спорот за името се решава за еден миг

Мариа Елени Копа, европратеничка од Грција од групата на социјалистите, на 9 јули изјави:

„Со политичка волја спорот за името се решава за 3 дена“ [1]

Всушност не за три дена, спорот што ни го наметна Грција може да се реши за еден миг, доколку истата таа Грција, името на нашата татковина престане да го наметнува како проблем. Доколку земјата од која што таа доаѓа ја прифати реалноста дека името на нашата татковина е онакво какво што е, тогаш проблемот едноставно ќе испари, не за три дена, туку во дел од секундата. Впрочем спор немаше ни да има доколку Грција во прво време не одлучеше да забегува во етноцидни негирања на сè што е македонско.

А ако Копа со глупавава изјава за решение на проблемот за три дена мисли на тоа Македонија да се согласи со грчките барања да си го промениме вековното име, тогаш благо кажано се зае.ала.

Околу апсурдниот, од Грција наметнат, спор со името, во интервју Билјана Ванковска вели:

„Спорот во врска со името е по дефиниција нерешлив, освен во вид на попуштање од македонска страна. Грчката страна, да потсетам, е не само супериорна (бидејќи таа го наметна спорот како услов за интеграциските процеси и тоа од позиција на членка на НАТО и ЕУ), туку и самата нема ништо да изгуби при евентуален „компромис“. Она што странците го именуваат како компромис е еуфемизам за ултиматумот кој и се дава на Македонија...Она што нас треба да нè загрижи е одолговлекувањето на нашиот интегративен процес, наспроти Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Да потсетам, Грција се обврза дека нема да го попречува асоцирањето на Македонија под привремената референца...“ [2]

No comments: