По бугарскиот политичар Ивајло Калфин (види: „Македонија да градела политика на добрососедство ???“), пред некој ден, и самиот претседател на Р. Бугарија се покажа како тотален непознавач на случувањата во Македонија и како дрзок манипулант (Вечер):
„Не можеме да дадеме евросертификат на власта во Скопје, која систематски наметнува идеологија на омраза кон Бугарија. Во Република Македонија се забележува еднострано толкување на историјата во силно националистички дух, дискриминаторски однос кон граѓаните со бугарско чувство и има многу административни бариери за бугарскиот бизнис, обвинил Плевнелиев пред Филе.“
Како доказ за непостоењето на антибугарска идеологија во Македонија и како аргументирана негација на сиве овие глупости кои Росен Плевнелиев ги изнел пред Филе, само ќе потсетам дека во јануари 2010 година, поранешниот претседател на Р. Бугарија Жељу Желев беше одликуван со највисокото (!) македонско државно одликување, орденот „8 Септември“. Каква е таа власт што „систематски наметнува идеологија на омраза кон Бугарија“, а во исто време дава највисока државна награда на бугарски политичар?
Во контекст на ова, сакам да ве известам дека во понеделник (5 ноември, 2012 година) со почеток од 20:00 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе започнат Деновите на бугарскиот филм, а ќе биде отворена и изложбата насловена како Бугарски филмски плакати. Сигурно и ова е дел од антибугарската кампања во Македонија.
Ваквите изјави на бугарски политичари не само што нема да им донесат корист ним и на бугарските граѓани, туку непотребно создаваат поларизација и огромна штета во односите меѓу двете држави и народи.
Ваквите изјави на бугарски политичари не само што нема да им донесат корист ним и на бугарските граѓани, туку непотребно создаваат поларизација и огромна штета во односите меѓу двете држави и народи.
No comments:
Post a Comment