Sunday, November 28, 2010

Sight test

Мислев дека Македонија е мала како ѕвезда во ноќта, па затоа некои не можат да ја видат. Но колку и да е ситна светлината ќе блесне, а тие за неа намерно ќе затворат очи.

Мислев дека Македонија е тивка како шепот во ветрот, па затоа некои не можат да ја слушнат. Но колку и да е тивка вистината ќе се чуе, а тие за неа намерно ќе останат глуви.

Затоа немојте да се заблудите - тестот на сликата долу не е за проверка на очите. Па и правдата е слепа, а е за проверка на можноста правдината да биде видена.




Доколку не можете да прочитате што пишува, не е затоа што имате потреба од очила! Вашето слепило е од поинаква природа.

No comments: