Friday, June 08, 2018

Промоција во Виница на „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски ’Дневник‘“

На 12 јуни, со почеток во 20:00 часот, во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, ќе се одржи промоција на книгата „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски ’Дневник‘“.


Sunday, June 03, 2018

Представљена књига Македонски стрип у издањима новосадског Дневника

Књига Александра Стеванова, Дарка Богданова и Саше Гачева Македонски стрип у издањима новосадског Дневника промовисана је 12. маја у скопском Македонском културном центру.



Та монографска публикација у Б-5 формату, с индексом ради лакше навигације, на 72 странице нуди много више него што обећава својим насловом. Осим историје и фактографије у вези с осамдесетим годинама прошлог века у СФРЈ, обрађени су стрипови македонских аутора, међу којима и епизоде „Велики Блек” и „Лун, краљ поноћи”.

Уједно је анализиран културолошки утицај који су мегапопуларна издања, радо читана широм бивше Југославије, имала у Македонији и годинама после гашења. Да би се схватиле његове размере, довољно је рећи да су стрипови новосадског „Дневника” често штампани у тиражу од стотину хиљада примерака. Очекујемо да ће поменута публикација ускоро наћи пут и до наших читалаца. 


Аутори се надају да ће то издање испунити можда најважнији циљ, а то је буђење свести да македонска стрип-култура има дужу традицију него што се мисли, па је то још један стимуланс за оживљавање те неправедно маргинализоване гране савремене комерцијалне уметности.

“Лаким и разумљивим стилом, приступачна и публици неупућеној у ту уметност, а обогаћена изјавама професионалаца, уредника, издавача и аутора из тог периода, књига нам даје увид у процес њихове израде и околности под којима су објављивани”, каже Дарко Богданов, додајући као пример цитате из интервјуа с југословенском стрип-легендом Банетом Керцом и једним од најплоднијих сценариста Миодрагом Милановићем.


“Књига посвећених историји македонског стрипа је невероватно мало, а у последњих тридесет година објављене су само две такве”, каже Александар Стеванов. “Управо због тога ова публикација, која открива неке непознате догађаје из његове прошлости, представља храбар корак ка подизању друштвеног статуса те уметности у нашој земљи. Иако није рађена са свесном намером да учврсти везе између Македонаца и Срба, за које мислим да су нераскидиве, резултат је управо такав. И поред тога што не познајем много ваших људи, оне које знам заиста ценим, а и без тога гајим топле осећаје према српском народу.“

С. Милачић

Monday, May 28, 2018

Македонскиот стрип во изданијата на новосадски „Дневник“

Од денес, во Бункер можете да ја набавите книгата „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски ’Дневник‘“ на авторите Александар Стеванов, Дарко Богданов и Сашо Гачев. Во неа, како што впрочем открива самиот нејзин наслов, се опфатени стриповите на македонски автори објавени во мегапопуларните изданија на издавачкиот гигант „Дневник“ од Нови Сад, а воедно проанализирано е и културолошкото влијание кое што тие го имаат во Македонија и тоа долги години по нивното згаснување. 


Оваа монографската публикација, која е отпечатена со делумна финансиска поддршка од фестивалот на креативни идустрии Скопје креатива, е составена од две главни целини, односно поглавја, во кои се пренесени стотици цитати дел од кои ексклузивно земени, а за полесна навигација содржи и индекс. Освен историјатот и фактографијата на објавените стрипови, истите преку 10 рецензии детално се разработени од визуелен и драматуршки аспект, а претставени се и насловните страници на повеќето од нив, како и некои од најрепрезентативните во нив цртежи.


Книгите посветени на македонската стрип-историја се неверојатно малку на број и во последниве речиси триесет години се објавени само две такви. Меѓу другото, токму затоа оваа публикација која изнесува на виделина некои досега непознати настани од македонското стриповско минато, претставува храбар чекор во насока кон надминување на таа ситуација и подигање барем за едно скалило повисоко на општествениот статус кој го има стрип-уметноста во Македонија.

Friday, February 02, 2018

Павел Шатев против двојазичноста во Македонија

Павел Поцев Шатев
15 јули, 1882 (Кратово) - 30 јануари*, 1951 (Битола)

На исечокот, Шатев, апропо сегашната предложена двојазичност во државата Македонија, уште во 1945 г. дал јасни насоки целата државна администрација да се води на официјалниот државен јазик - МАКЕДОНСКИОТ, ама кој да слуша...

- Павел Шатев „Историја на Македонија (материјали)“, ДАРМ/Македоника Литера, Том 1, Скопје, 2012, стр. 19

Вечна му слава на неуморниот македонски гемиџија, по кого е крстен мојот прв син!



*според некои податоци починал на 29 јануари, 1951

Monday, January 29, 2018

Автопат „Геноцид“

Најсоодветно име на автопатот:
Ципрас, лидер на земја членка на најмоќната воена Алијанса во историјата на човештвото, вели дека стравува од македонскиот иредентизам, бара промена erga omnes (во внатрешна и севкупна надворешна употреба) и брои колку пати зборот на М се спомнува во нашиот Устав. Нашиов, пак, како добар верник, кај што се преплаши и да го изговори името на земјата на чиј Устав дал заклетва, го заврти и другиот образ, па понуди ново име на аеродром и на автопат. Да биде иронијата поголема, автопатот „Пријателство“ фактички запира на грчката граница (се разбира, откако Заев ќе се пофали и со последната делница направена во време на Груевски). Гледано историски, тоа е патот по кој бегалците од Граѓанската војна во Грција, нејаките старци, мајки и деца, бараа спас и засолниште – а кои сѐ уште не добиле никаква репарација или извинување за страдањата. Заев дозволи „неговата држава“ да биде обвинета за иредентизам, без и да се обиде да ги извади од ракав двата адута: извештајот на Бадинтеровата комисија која заклучи дека името Република Македонија не имплицира никакви територијални претензии, и пресудата на Меѓународниот суд на правдата која оцени дека македонската страна не извршила никакви акти кои би можеле да се толкуваат како иредентистички.“

Биљана Ванковска

„...кога Заев веќе тргнал да го менува името на автопатот, Единствена Македонија му предлага да се вика „Геноцид“ како име за пат кој поминува и низ места во Беломорска Македонија каде се врши етничко чистење на Македонците во последните два века.“

Јанко Бачев

Friday, January 26, 2018

Промената на името ќе донесе покорни луѓе и земја без иднина

И Левица против промена на името:

 
Бајката што ја продаваат македонските власти дека промената на името не го доприра идентитетот е мотивирана од нивната сервилна и краткогледа политика... Самото барање за промена на името од страна на грчката страна е најгруба повреда на основните демократски права на македонскиот народ...“

Friday, January 19, 2018

Нашата држава има име, тоа е Република Македонија!

Изјава на неделата:
„Нашата држава има име, тоа е Република Македонија, името што е во основата на нашиот идентитет. Исто така, денес во 2018 година никој не може да го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Од страна на медијаторот денеска беа презентирани некои идеи за коишто сметам дека излегуваат од оваа рамка и дека се далеку од едно достоинствено решение...“

Wednesday, January 10, 2018

Прекин на преговорите со Република Грција и поднесување на Резолуција во ОН

Против промена на име:
...прекин на преговорите со Република Грција и поднесување на Резолуција во ОН за признавање на нашата држава под нејзиното уставно име. Секој оној кој ќе се дрзне да направи било каква промена и со било која цел, ќе биде третиран како предавник.

Tuesday, January 09, 2018

Отворено писмо од ФРОДЕМ до Владата и Претседателот на Република Македонија

Почитуван Претседателе на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов, почитуван Претседател на Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев, почитувани министри во Владата на Република Македонија. Соочени со сѐ поголемиот притисок за промена на нашето уставно име, како и непринципиелните и навредливи ставови и предлози кои доаѓаат од претставници на парламентарните политички партии во Република Грција, јавно се обраќаме до Вас со замолница да ја поднесете подготвената Нацт-резолуција од наша страна, до Генералното Собрание на ОН. Повеќе од сигурни сме дека наведените аргументи и факти се на наша страна и дека членките на Генералното Собрание на ОН ќе ја донесат вистинската одлука во интерес на правдата и вистината.

Нацрт-резолуцијата:


Генерално собрание,
Имајќи предвид дека „Поранешната Југословенска Република Македонија”, која е примена во членството на Обединетите нации во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, до денес е признаена од страна на огромно мнозинство од членовите на Обединетите нации со нашето уставно име и дека преговорите со Република Грција во врска со името на држава не дадоа никаков резултат,
Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, 4, 7) и 4 (1) од Повелбата на ОН,
Земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,
Потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција,
Потврдувајќи исто така дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност,
За да се реши долготрајниот невообичаен и неприфатлив членски статус на една членката на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредок на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации,
Донесе одлука да го продолжи членството на државата, привремено реферирана како “Поранешна Југословенска Република Македонија”, под нејзиното официјално уставно име Република Македонија.

Thursday, January 04, 2018

Сервилната надворешна политика не вродува со плод

Изјава на неделата:
„Што уште треба да се случи за актуелната Влада да сфати дека сервилната надворешна политика не вродува со плод? Напротив се злоупотребува.[...] Дури да ги исполнат сите грчки хирови, јасно е дека официјална Атина нема да попушти од својот став[...] Некоја друга Влада претходно смени Устав, знаме, се откажа од сонцето на Кутлеш, прифати срамна привремена референца ПЈРМ за да обезбеди прием во ООН, направи многу крупни отстапки на штета на македонскиот народ, а Грција не отстапи од својата ирационална политика на блокади и закани.“

Monday, October 23, 2017

Македонска револуционерна организација

На денешен ден 23 октомври 1893 година, шестмина Македонци, револуционери и интелектуалци, во Солун ја формираа Македонската револуционерна организација.

Извор на сликата - Македонски документи

  1. Христо Татарчев - доктор, родум од Ресен 
  2. Дамјан Груев - учител, родум од с. Смилево
  3. Иван Хаџи Николов - книжар, родум од Кукуш
  4. Антон Димитров - учител, родум од с. Ајватово, Солунско
  5. Петар Поп Арсов - учител, родум од с. Богомила, Велешко
  6. Христо Батанџиев - учител, родум од с. Гуменџе (Ениџе), Вардарско

Wednesday, August 02, 2017

Честит Илинден 2017

Честит Илинден 2017, ден на двата Илиндена од 1903 и 1944 година на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци ширум светот.

На православните христијани им го честитам и православниот христијански празник Св. Илија!

Нека ни е честит и вековит празникот и да ги продолжиме идеалите на нашите претци.


"Слобода или смрт" - слоган на македонските револуционери

Monday, May 15, 2017

Поглед од Водно

Панорамска фотографија (три споени фотографии) - Поглед од Водно / View from Vodno:

Фото Д.С. обработка А.С. I-Macedonian.Blogspot.com

Sunday, January 01, 2017

Среќна Нова 2017

Уште една година помина, уште една година дојде. Среќна Нова година до сите мои пријатели, до сите граѓани на Република Македонија и до сите Македонци каде и да се!

Многу среќа, љубов, здравје, радост во новата 2017 година! Нека оваа година донесе повеќе причини за насмевки за сите оние на кои Македонија им значи нешто.

Ристо Бомбата и Кучешка тенија - Комшивке убава

Комшивке убава, немој да збеснуваш!
Ја знаеш добро мојта тајна најскришна -
сакам да бидеш лампион и јас да те обесувам
само на мојта елка новогодишна.

Monday, December 19, 2016

Димитар Поп-Георгиев Беровски

На денешен датум во 1907 година умира македонскиот револуционер Димитар Поп-Георгиев Беровски.

Димитар Поп-Георгиев Беровски (Берово, 1840 - Долна Граштица, 1907) бил македонски национален деец и револуционер. Основно образование завршил во Берово, а потоа учел во Одеската духовна семинарија (1858-1860). Потоа во Белград се запишува на военото училиште. Во 1865 год. се враќа во Берово и работи како учител. Таму зел активно учество во црковните борби против грчките фанариоти, со што се стекнал со голема популарност кај народот од Малешевијата.

Sunday, October 23, 2016

ВМРО

Ден на македонската револуционерна борба.

Се колнам во бога, во верата и во својата татковина Македонија и Одринско, дека безусловно ќе се покорувам на старешините и без приговор ќе ги извршувам неговите заповеди, дека никому нема да му ги издавам ни со збор, ни со дело работите на Организацијата и сето она што од денес натаму ќе го чујам, видам и разберам по делото. Во противен случај, нека бидам убиен од еден од другарите со револверот или камата што овде ги целивам

Tuesday, August 02, 2016

Честит Илинден 2016

Честит Илинден Македонци и граѓани на Република Македонија!

Неколку стиха од македонската народна песна "Елено, ќерко Елено"

Испраќам мајко, испраќам
до градот Едрене.

Едрене мајко, Едрене
на батко Илија.
Да купи мајко, да купи
за мене капела.

Да носам мајко, да носам
на ден за ИЛИНДЕН.

За целосниот текст од песната и 13 интерпретации кликнете овде!

Sunday, July 10, 2016

Клик 1

Прв број на македонското списание за стрип - Клик.


Скен: Дарбог

Благодарност до Ване Трајков за позајмениот примерок

Директна врска за преземање:

http://www.mediafire.com/download/r67907rnauc15om/Klik_1.cbr

Friday, July 01, 2016

Макстрип, триесет и втори број

Триесет и втори број на стрип ревијата „Макстрип“


Скен: Дарбог
Техничка асистенција: А.С.
Благодарност до Ване Трајков за позајмениот примерок