Showing posts with label Стрип вести. Show all posts
Showing posts with label Стрип вести. Show all posts

Wednesday, March 25, 2015

Деветтата димензија

Во петок, 27 март 2015 година, во 18 часот во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје, отворена ќе биде изложбата „Деветтата димензија“ на која претставени ќе бидат стрип табли на дел од македонските стрип автори.

За повеќе инфо - клик!

Monday, January 19, 2015

Промоција на стрип албумот „Чуварите на вечната светлина“

Во петок, 23 јанури 2015, во 20:00 часот, во Кафе Ли, издавачката куќа Стрип Квадрат ќе одржи промоција на стрип албумот „Чуварите на вечната светлина“ на македонскиот стрип автор Игор Јовчевски. Воедно, истиот ден претставена ќе биде и изложбата со стрип табли од албумот.
Покрај „Чуварите на вечната светлина“, од едицијата “Револуционери”, промовирани ќе бидат и две сликовници - „Првиот претседател“, посветена на Никола Карев и „Учителот од Смилево“ посветена на Даме Груев.

За повеќе информации - клик!

Monday, January 05, 2015

Dominos #1

Насловна страница на првата епизода од планираниот стрип серијал за суперхерои, насловен Dominos, објавен во САД на 21 ноември 2014 година, дел од чиј што креативен тим е и македонски автор.


Стрипот, во дигитален формат, може да се купи од следнава врска: Amazon.

Опис на стрипот:

As time passes, the mighty torch of the leading superhero team has to be passed, and with it comes the youth movement of the brand new assemblage of heroes. But what happens to the old team once the torch is passed? This begins the story of Dominos, the now past-their-prime super-powered team once known as the most valuable superhero team in the entire world. Once superstars, the light has faded on these middle-aged (or older) crime fighters, but with threats on the way, their skills are still needed.

The team has become a bastion of the American government, and lead by Nestor Newman, the brilliant armored surgeon and charismatic hero known as Manpower, they have become one of the more efficient teams in the government stable, despite their ages. Newman, along with the rest of his team; Tabitha "Cascade" Hoover, the aquatic-powered wonder, the paraplegic Mary Christian, whose body is aided by a large, hulking suit of armor, her husband Ezekiel, whose body is able to control electricity and their resident psionic, Gammon Brummagem III, aptly named Elder, fight the forces of evil from taking on the planet they love, all in the name of the American Way. Or so they thought.

When sent on an investigative mission for the President of the United States, something goes awry, sending the Dominos on a mission that will not only change the history of the team, but of the world itself. This collision course will cause them to question not only their own skills, but the intentions of those who they are there to support. The Dominos are back, but as circumstances change, will they be better than ever? Or just an outdated super-team who needs to retire?

Tuesday, December 30, 2014

Македонски автори во босанско херцеговски стрип магазин

Во шестиот број  на босанско херцеговскиот стрип магазин Parabellum, кој што според најавата треба да биде објавен на самиот почеток од идната 2015 година, застапени ќе бидат и стрипови на македонски автори. Parabellum, кој е сметан за најобемниот стрип магазин во регионот, е издание на „Девета димензија“, здружение на стрип автори и стрип љубители од Република Српска. Во досегашните пет броја на магазинот, објавени беа неколку стрипови на автори од Македонија.


Меѓу македонските стрип автори чии што стрипови се застапени во овој шести број на Parabellum се: Јован Секуловски, Александар Стеванов, Весна Ничевска Саравинова, Јордан Коцевски и Дарко Богданов.


Повеќе на: devetadimenzija.com

Објавено во Вечер и МКД.мк

Monday, November 24, 2014

Војдан

Би сакал да ви препорачам да ја прочитате колумната „Војдан“, посветена на неодамна промовираниот стрип албум „Војдан“ на авторот Диме Иванов - Димано, еден од доајените на македонскиот стрип.


„Стрипот изобилува со прекрасни кадри, од планински пејсажи, до густите шуми исполнети со многу дивеч, дворците и градовите во тогашна Македонија, се гледа дека многу време е посветено на проучување на времето во кое се одвива дејствието, од оклопите на византијците, нивните штитови, мечеви, копја, лакот и стрелата, обувките и облеката на Македонците. Кадрите со масовните сцени на борба изгледаат прекрасно, едноставно опиваат со својата реалност, со својата живост.“

За повеќе - клик!

Sunday, November 23, 2014

Војдан - табли

Неколку табли од стрип албумот „Војдан“ на авторот Диме Иванов - Димано, во издание на „Стрип квадрат“. Стрип албумот е во продажба и, меѓу другите места, може да се најде во стрип книжарницата Бункер.







Sunday, November 16, 2014

Во Македонија имало стрип?!

Би сакал да ви препорачам да ја прочитате колумната „Во Македонија имало стрип?!“, посветена на неодамна промовираниот стрип албум „Војдан“ на авторот Диме Иванов - Димано, еден од доајените на македонскиот стрип.


„...по завршување на официјалниот дел, успеав меѓу првите ако не и прв од присутните таму да земам потпис од Димано. Не можам да ви го опишам чувството, во моментот кога се најдов лице во лице со великанот. Кога ме праша за кого да ја напише посветата, морници ме полазија, тие две три реченици кои ги разменивме мислам дека ќе ги паметам засекогаш. Зарем има нешто поубаво од тоа да запознаеш еден легендарен автор, автор кој дал голем допринос во стрипот, кај нас во Македонија а и пошироко на територијата на поранешна Југославија. Автор кој позади себе има историја, историја која и тој ја создавал со големите мајстори на стрипот. Нема збор, кој може да го опише тоа...“

За повеќе - клик!

Wednesday, November 12, 2014

Промоција на стрип албумот „Војдан“

Задутре (петок, 14 ноември 2014) во 20:00 часот во Кафе Ли, издавачката куќа Стрип Квадрат ќе одржи промоција на стрип албумот „Војдан“ на истакнатиот македонски автор од постарата генерација, Диме Иванов - Димано.


„ВОЈДАН е стрип албум на нашиот истакнат стрип автор Диме Иванов - ДИМАНО, всушност три стрип приказни спакувани во едно тврдо укоричено издание кое ретко се сретнува на нашите простори. Приказните се една своевидна епопеја, ги следат патешествијата на јунакот Војдан во Македонија, и тоа во периодот после битката на Беласица, па се до востанието на Петар Делјан. Стрип албумот на повеќе од 130 страници изобилува со прекрасни пејсажи, битки, љубов, одмазда и смрт, многу умешно спакувани во една голема приказна, приказна која се случува токму на овие наши простори во почетокот и средината на 11 век.

Две страници од стрип албумот Војдан

Покрај „Војдан“, промовирани ќе бидат и сликовниците „Бесмртната вода“ на авторите Владимир Гавровски, Смиле Цветановски, и Тони Анастасовски, и „Јунакот од Мечкин камен“, третиот наслов од едицијата “Револуционери”, со текст на Никола Темков и илустрации од Диме Иванов - Димано.

За повеќе информации - клик!

Wednesday, November 05, 2014

Мрак хумор тишина - промоција

Промоција на стрип албумот „Мрак хумор тишина“, 7 ноември, 20:00 часот, Кафе Ли, Скопје.
 

Надополнето:

Промоција на стрипот „Мрак Хумор Тишина“ во Охрид: „...Стрип албумот „Мрак Хумор Тишина“ е заеднички проект на сценаристот охриѓанецот Јордан Коцевски и цртачот Дарко Богданов од Виница. Станува збор за своевидна антологија во која на 68 страници се вклучени кратките стрипови кои тие двајца ги имаат создадено во нивната досегашна петгодишна соработка. Стриповите може да се поделат во три тематски циклуси, како што кажува и самиот наслов на албумот. Андреј Манев има свој удел во стрипот, заедно со уметниците Весна Ничевска Саравинова и Игор Јовчевски, колористот Стефан Коцевски и сценаристот Александар Стеванов...“

Monday, October 27, 2014

Saturday, October 25, 2014

Мрак, хумор, тишина

Официјално веќе свеж од печатница излезе стрип албумот „Мрак Хумор Тишина“, заеднички проект на сценаристот Јордан Коцевски и цртачот Дарко Богданов. Станува збор за своевидна антологија во која се вклучени кратките стрипови кои тие двајца ги имаат создадено во нивната досегашна петгодишна соработка. Стриповите може да се поделат во три тематски циклуси, како што кажува и самиот наслов на албумот.


Покрај нивните стрипови, во албумот исто така се вклучени и неколку стрипови кои секој од нив ги има работено и со други автори. Автори гости со свој удел во албумот се цртачите Андреј Манев, Весна Ничевска Саравинова и Игор Јовчевски, колористот Стефан Коцевски и сценаристот Александар Стеванов.


Издавачи на албумот се самите автори, а наскоро ќе следува промовирање на самото издание

Wednesday, October 22, 2014

It's a Vampire

Две табли од стрипот "It's a vampire" (Имаме вампир), креиран целосно од македонски автори. За да ги видите и преостанатите табли, посетете ја веб страната на шкотската издавачка куќа Komic Brew.


Sunday, October 19, 2014

The man who wasn't there

Две табли од стрипот "The Man who wasn't there" (Човекот што не беше таму), креиран целосно од македонски автори. За да ги видите и преостанатите табли, посетете jа веб страната на шкотската издавачка куќа Komic Brew.


Thursday, October 09, 2014

Гости од Македонија на Интернационалниот фестивал на стрип и карикатура - Призрен, 2014

Од 11 до 14 октомври, во Призрен, одржан ќе биде јубилејниот десетти по ред Интернационален фестивал на стрип и карикатура, во организација на Асоцијацијата на косовски стрип автори - Џенет Комикс (Xhennet Comics). Традиционално, како и до сега, на фестивалот учество со свои дела ќе земат поголем број на македонски стрип автори и карикатуристи.


Како специјални гости на манифестацијата, од Македонија ќе бидат стрип авторите Иванка Апостолова, Александар Стеванов, Златко Крстевски и Весна Ничевска Саравинова, како и карикатуристот Јордан Поп Илијев.


На 12 октомври Апостолова ќе одржи промоција на стрип албумот “Personal Futurism / Public Politics”, а Стеванов ќе го претстави краткиот стрип „Вистинска љубов“, илустриран од Кирси Салонен, кој е второнаграден на конкурсот на Интернационалниот стрип салон во организација на Стрип центарот на Македонија, кој во Велес ќе бидеодржан од 17 до 19 октомври.


Истиот ден Јордан Поп Илијев ќе каже нешто повеќе за македонските карикатуристи, а од страна на Ничевска Саравинова и Крстевски, пред косовската публика, ќе бидат претставени и најновите случувања поврзани со македонскиот стрип.

Покрај оние од Македонија и Косово, најавени се и гости од Бугарија, Србија, Турција, Словенија, Албанија и Кипар.

Wednesday, October 08, 2014

Објавени македонски стрипови во осмиот број на ревијата Comix

Во штотуку објавениот осми број (октомври 2014) на бесплатната онлајн стрип ревија Comix (во главно на српски јазик), објавени се два стрипа на македонски автори.


Се работи за стриповите Forest spirit и A story about an apple, на тандемите Јордан Коцевски-Дарко Богданов и Александар Стеванов-Весна Ничевска Саравинова.

Tuesday, October 07, 2014

2nd Award for "True love"

Winner of 2nd award for best comic at the International Comic Festival "Veles 2014", held in Veles, Macedonia, 2014.


Monday, October 06, 2014

Второ место за „Вистинска љубов“

Добитник на второто место на конкурост на овогодинешниот Интернационален стрип салон во Велес, во организација на Стрип центарот на Македонија, е стрипот „Вистинска љубов“, на авторите Кирси Салонен (Финска) и Александар Стеванов (Македонија).


Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на Стрип салонот кој што во Велес ќе се одржи од 17 до 19 октомври.

Втора и трета табла од стрипот


Надополнето:

Tuesday, September 30, 2014

True love - најава 3

Најава за стрипот „Вистинска љубов“ на Кирси Салонен (арт) и Александар Стеванов (сценарио).


Tuesday, September 23, 2014