Илустриран Забавник

„Илустриран Забавник“, наслов што верувам дека кај многумина од вас буди носталгија, е македонско забавно списание кое излегува пред околу две декади. Во средината на деведесеттите, и самиот редовно го читав почнувајќи уште од првиот број, па кога пред неколку дена случајно го открив блогот http://ilustriranzabavnik.blogspot.mk, пријатно се изненадив. Овој блог претставува своевидна архива на „Илустриран Забавник“, а засега на истиот, во дигитална форма, можат да се најдат првите дванаесет броеви.

Колку што сум запознаен, „Илустриран Забавник“ излегува во 1995 и 1996 година, во вкупно 70 броеви, додека на споменатиот блог е посочено дека излегува од 1995 до 1999 година. Доколку некој има повеќе информации околу ова, би го замолил да сподели во коментари.

Единствена ситна замерка за блогот е дека на дел од поставените броеви недостасуваат по неколку страници. Со оглед на тоа дека сè уште чувам добар дел од броевите на списанието, доколку имав контакт од авторот на блогот, ќе му испратев скенови на страниците кои што недостасуваат, а кои што ги имам, како би ги комплетирал. Па доколку некој од вас има каков било контакт од него, би го замолил да ми пише во коментари.

Воедно, доколку можеби ги прочита овие редови, би сакал да го охрабрам авторот на блогот да продолжи со поставувањето на сите броеви од ова подзаборавено македонско списание.


За да го преземете првиот број - клик!


 За да го преземете вториот број - клик!

1 comment:

Nikola Andonoski said...

И јас имам доста добар дел од боревите на „Илустриран Забавник“ (скоро сите), и сакам да направиме една голема архива од сите броеви. Сакам да стапиме во контакт.
Никола
nikola.andd@gmail.com