Wednesday, June 03, 2015

Македонски автори на стрип конкурсот на Rosencrantz

На објавениот стрип конкурс на српската издавачка куќа Rosencrantz, кој што траеше до 30 април оваа година, според информации од официјалниот сајт на издавачката куќа, покрај од БиХ, Хрватска, Јапонија и Србија, учество зеле и автори од Македонија. 

 
Од пристигнатите на конкурсот 55 стрипови, жири комисијата во состав Никола Масловар, Илија Бакиќ и Александар Зограф, меѓу најдобрите 15 стрипови предложени за објавување во некое од издните изданија на Rosencrantz го вброи и стрипот From ink to ink на македонскиот автор Александар Стеванов.

No comments: