Sunday, May 03, 2015

Вики ја сака Земјата

Вики ја сака Земјата (англиски: Wiki Loves Earth; WLE) е натпревар на фотографии, во организација на Википедија/Викимедија, за спомениците на природата, заштитените природни подрачја, како и сите природни убавини во Македонија. Натпреварот за првпат беше организиран во 2013 година од страна на Википедија на украински јазик, a во 2014 година се спроведе во повеќе различни земји, меѓу кои и во Македонија, и тоа со голем успех.


Целта на натпреварот е да се соберат фотографии од македонските национални паркови, природни резервати и заштитени споменици на природата. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Заедничката ризница на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти!

Повеќе инфо на: Википедија

No comments: