Светот на стрипот во Американско Катче Штип

Со почеток од 7 април, во Американско Катче Штип, започна да се одржува бесплатниот стрип курс. Од вкупно планираните пет, досега одржани беа две лекции на теми:

  • Што е тоа стрип?
  • Почетоците на стрипот

По инсистирање на организаторот, во лекциите вклучени се колку што може повеќе информации од американската стрип култура. Нивното поимање на стрипот, американските стрип авторитети, првите американски стрипови...

Од Американско катче велат:

„Самиот курс ќе опфати теми поврзани со почетоците на американскиот стрип, сфаќањето на американските теритичари за што е тоа стрип, стрип размисли (цитати) на американски професори – историчари на уметност, историски етапи на американскиот стрип, американски стрип ликови..“

Посетителите, на стрип курсот, запознаени ќе бидат и со историјата на македонскиот стрип, како и актуелните случувања на македонската стрип сцена,


Презентер на курсот е Александар Стеванов.

FB event:

Врски:

No comments: