Промоција на стрип албумот „Чуварите на вечната светлина“

Во петок, 23 јанури 2015, во 20:00 часот, во Кафе Ли, издавачката куќа Стрип Квадрат ќе одржи промоција на стрип албумот „Чуварите на вечната светлина“ на македонскиот стрип автор Игор Јовчевски. Воедно, истиот ден претставена ќе биде и изложбата со стрип табли од албумот.
Покрај „Чуварите на вечната светлина“, од едицијата “Револуционери”, промовирани ќе бидат и две сликовници - „Првиот претседател“, посветена на Никола Карев и „Учителот од Смилево“ посветена на Даме Груев.

За повеќе информации - клик!

No comments: