Македонска Ризница, дваесет и девети број

Дваесет и девети број на електронското списание „Македонска Ризница“:


Почитувани читатели,
со задоволство ви го претставуваме дваесет и деветиот број на електронското списание Македонска Ризница. Во него ќе можете да прочитате еден кус, но интересен текст на Благојче Андонов за учеството на Македонците на соколските игри, како и едно опширно истражување на д-р Јасминка Ристовска Пиличкова за влијанитето на војните врз развојот на  народната носија од Битолско-Прилепскиот и Демирхисарскиот регион.

Како и до сега, и во овој број ќе можете да видите прекрасна карикатура на нашиот редовен соработник Никола Анѓелкоски.

Се чини дека овој број е посветен на деветтата уметност. На тема дигиталниот стрип, направивме интервју со доц. д-р Бошко Караџов, за разликата меѓу класичното и дигиталното цртање ќе можете да прочитате во напис на Смиле Цветановски. Наградуваниот македонски стип-сценарист Давор Драмиќанин, специјално за читателите на Македонска Ризница изготви топ 10 листа на омилени македонски стрипови, со што го негираше тврдењето дека во Македонија нема стрип.

Милица Пашовска повторно уреди два написа на тема поезија и проза. Се работи за неколку песни од Викторија Сиљаноска и за расказот Девојчето со стаклени очи на авторката Оливера Ширговска. Во овој број ќе можете да прочитате и превод на напис од NY Times, објавен во 1903 година.

Со почит,
Александар Стеванов
издавач на Македонска Ризница

No comments: