Thursday, August 14, 2014

Петар Поп-Арсов

На денешен датум во 1868 година е роден македонскиот револуционер Петар Поп-Арсов.

Петар Поп Арсов е филолог, македонски револуционер, основоположник на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Прв устав на Македонската револуционерна организацијаот и автор на познатата публикација “Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници”. Поборник за македонската самобитност.

No comments: