Monday, July 14, 2014

Екстратерестријален живот - вовед

Екстратерестријален живот

1. ВОВЕД

Илјадници години човекот си го поставува прашањето дали е сам во универзумот или сепак таму некаде далеку постои свет населен со живи организми. Одговорот на прашањето за живот надвор од планетава бил крајно различен во текот на вековите.

Филозофот Метродор (3 и 4 век п.н.е.) тврдел дека сметањето дека земјата е единствената планета во бескрајната вселена на која има живот е исто толку неверојатно колку и од целосно посејано поле да изрти само едно зрно.

Во многу од митологиите се опишани вонземски суштества. Се верува дека џиновските цртежи на Наска цивилизацијата биле наменети за нивните богови кои всушност биле со вонземско потекло.

Според исламот во универумот постојат светови исти како нашиот. Во средновековието во голема мера поради проповедите на црквата преовладувало мислењето дека само на земјата постои живот.

Кон крајот на 18 век се сметало дека на секоја планета од сончевиот систем има интелигентна форма на живот. Научно-фантастичната книга на германскиот астроном Јоханес Кеплер “Сомниум” за една хипотетичка цивилизација на месечината (селенити) придонела за таквиот став и за испреплетувањето на фантазијата со реалноста. Спротивно на ова во текот на дваесеттиот век во научните кругови се сметало дека шансите за екстратерестријален живот се незначителни. И покрај таквиот став во 1938 год. мислејки дека нападот на Њу Џерси од Марсовците е вистина, илјадници слушатели на радиоадаптацијата на романот на Велс “Војна на световите” испаднале во паника.

No comments: