Wednesday, May 21, 2014

Фатална романса

Пред нешто помалку од две години, во потрага по соодветен фонт за еден мој личен проект, наидов на фонтот Romance Fatal W1G. Иако од авторот беше посочено дека фонтот ги содржи и кириличните букви, сепак откако проверив, видов дека дел од нив се со неправилна форма и големина (види слика долу), посебно буквата „З“/„з“.


Со таа цел, пред околу два месеци му пишав на Juan Casco, авторот на фонтот. Му испратив и графички примери за тоа кои кирилични букви, со што и како можат да се поправат (види слика долу). 


Моментално фонтот, кој можете да го најдете на повеќе места, меѓу кои и DeviantArt, ги содржи сите букви и знаци за потребите на македонскиот јазик (види слика долу).  


Romance Fatal W1G можете слободно да го преземете и користите за лична употреба, додека пак за комерцијални проекти најпрво контактирајте го авторот.

No comments: