Јане Сандански

На денешен датум во 1915 година загинува македонскиот револуционер Јане Сандaнски.

Јане Сандански, познат како Сандан паша или Пиринскиот цар, (18 мај 1872 - 22 април 1915) бил истакнат револуционер, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација. Завршил II клас прогимназија во Дупница, Бугарија, и се самообразовал. Како младинец бил активен меѓу македонската емиграција во Дупница. Во 1895 и 1897 год. бил учесник во Мелничкото востание организирано од Македонскиот комитет.

No comments: