Cynthia Handwriting

Cynthia Handwriting е веројатно првиот фонт со кирилична поддршка кој го имам сретнато на DeviantArt. Фонтот е дело на unjamie и е создаден во 2009 година, а оттогаш па до денес е во процес на постојано подобрување и комплетирање. Во фонтот, моментално (верзија 1.503), има вкупно 13 835 карактери и, како што самиот вели, за потребите на фонтот авторот морал да научи да пишува грчки, кирилично и јапонски.


Иако одамна ми стоеше во папката со преземени фонтови, стигнав да го испробам дури пред некој ден. И она што го забележав е дека, и покрај огромниот број карактери, сепак недостасуваат неколку македонски букви, како што се „Љ“, „Џ“ и „џ“. По тој повод веднаш му пишав на авторот:

"Dear unjamie,
concerning your beautiful font Cynthia Handwriting 1.502, I would like to inform you that when used in Macedonian Cyrillic, three letters are missing. Those are "Љ", "Џ" and "џ".

Here is a picture of it:


Can you please fix this?

Also I would like to mention that the letters "Д" and "д" are little confusing. Maybe you can do something about that too.

Just an idea:


Best regards from Macedonia."

unjamie беше доволно љубезен да се согласи веднаш да ги поправи недостатоците, а ми дозволи и мене директно да учествувам во тоа. Покрај додавање на трите карактери што недостасуваа, поправени беа и „Д“ (поширока основа), „д“ (поширока основа) и „б“ (извивање на чингелчето нагоре).


Резултатот можете да го видите на сликата горе, а фонтот, со кој сеге веќе може да се пишува на македонска кирилица, е слободен за преземање од страницата DeviantArt.

No comments: