Wednesday, March 19, 2014

Број на статии на македонската Википедија и на оние на земјите од регионов- споредба

Неколку споредби, со графички прикази, на бројот на статии на Википедија на македонски јазик (76 323) и на оние на јазиците на државите во регионов.


Споредба на бројот на статии на Википедија на македонски јазик [1] и на државните јазици на соседните на Македонија земји: албански, бугарски, грчки и српски.

Shqip (Албански): 50 869
Български (Бугарски): 159 037 
Ελληνικά (Грчки): 98 821
Македонски (Македонски): 76 323
















Од оваа група единствено статиите на албански јазик се помалку на број од оние на македонски јазик. Статиите на бугарски и на српски јазик, пак, се двојно односно тројно повеќе од статиите на македонски јазик. Секако во ова треба да се има предвид и неколкукратно поголемата популација која ја имаат овие земји.

Споредба на бројот на статии на Википедија на македонски јазик [1] и на јазиците на останатите поранешни југословенски републики [2]: босански, словенечки, српски, српско-хрватски и хрватски.

Bosanski (Босански): 49 105
Македонски (Македонски): 76 323
Slovenščina (Словенечки): 139 982
Hrvatski (Хрватски): 144 170
















Од оваа група единствено статиите на босански јазик се помалку од оние на македонски јазик.

Споредба на бројот на статии на Википедија на македонски јазик [1] и на јазиците на другите балкански земји [3]: албански, босански, бугарски, грчки, романски, словенечки, српски, српско-хрватски, турски и хрватски.

Shqip (Албански): 50 869
Bosanski (Босански): 49 105
Български (Бугарски): 159 037 
Ελληνικά (Грчки): 98 821
Македонски (Македонски): 76 323
Română (Романски): 241 849
Slovenščina (Словенечки): 139 982 
Hrvatski (Хрватски): 144 170
















За споредба, Википедија на англиски јазик има 4 474 571 статии, а меѓу јазиците на кои што има над 1 000 000 статии се германскиот, шпанскиот, францускиот, италијанскиот, холандскиот, полскиот, рускиот и шведскиот.

[1] Според бројот на статии на 18 март 2013 година, во 22:00 часот
[2] Без да се смета албанскиот за Косово
[3] Без италијанскиот (Трст) и црногорскиот јазик, последниот, меѓу другото, затоа што го нема на Википедија.
Види и:

4 comments:

Bojan Jankuloski said...

Точно е дека мерилата можат да бидат само по глава на жител, но тоа што Словенија предничи не е поразително бидејќи тие се на прво или второ место по тоа во светот. А ние не сме воопшто далеку зад нив. Речиси веднаш по тоа.

Очигледно тој што пишувал не се информирал, па така и огромните успеси (значи, меѓу најголемите) на нашата заедница ги смета за „поразителни“ и со тоа делува демотивирачки на сите. Жално.

[Напишано од Администратор и бирократ на Википедија]

Internet Macedonian said...

Бојан, споредбата меѓу бројот на написи на македонски и на словенечки јазик е направена имајќи го предвид токму тој критериум, број на жители. Убаво си е потенцирано во написот.

Споредено, двојно поголемиот број на словенечки написи, имајќи го предвид бројот на населението на секоја од земјите, за нас Македонците е поразителен.

Јасно е значењето на зборот „поразително“ (од „пораз“). Едноставно, според тој критериум губиме, односно сме поразени од Словенците, било нам да ни се допаѓа или пак не.

Станува збор за нешто релативно, за споредба, нема потреба да се прави драма.

Според истиот критериум, број на население, за Албанците на пример би било поразително дека има помалку статии на албански јазик, наспроти македонски.

Според друг критериум ситуацијата можеби би била обратна.

Се надевам дека сега ти е појасно.

Bojan Jankuloski said...

Тоа е сосем јасно.
Мерката за број на стати и мерката за содржајност на истите - сето тоа по глава на жител - така се мери. А тука сме, како што реков на врвот. Дека не сме толку добри како тие апсолутно најдобрите, тоа не е воопшто поразително. Словенците ако саат можат да бидат илјадапати подобри. Нема за тоа да си ка трескам главата кога знам дека речиси ниеден друг не е таков.

Internet Macedonian said...

Баш би ме интересирало да погледнам една таква анализа, број на статии, односно содржајност на статиите по глава жител.

Спорната реченица која што го содржеше зборот „поразително“ е отстранета. Се надевам дека сега е во ред. Поздрав!