Saturday, February 08, 2014

Македонска Ризница, деветнаесетти број

Деветнаесетти број на електронското списание „Македонска Ризница“:



Почитувани читатели,

Ние, Македонците, можеби не сме најдобри во сè, но сме биле, сме и ќе бидеме најдобри во многу. Многу империи дале славни војсководци, но само една, Македонската, го даде најславниот, Александар Македонски.

Многу народи дале просветени дејци, но само еден, Македонскиот, ги даде браќата што го описменија сиот словенски свет, Кирил и Методиј од Солун.

Многу држави имаат славна историја, но само од една, од Македонија, светиот Апостол Павле тргна да го шири христијанството низ Европа.

Многу градови имаат славно минато, но во само еден, во Охрид, беше отворен првиот универзитет на Балканот, Охридската школа.

Многу е драгоцен овој наш македонски идентитет, штом толку многу ни го сакаат и со векови се тепаат да ни го украдат. И пред сè, ние, Македонците треба да знаеме зошто е тоа така, но и како истиот да го зачуваме и надградиме. И со секое сопствено индивидуално надградување ја подигаме и колективната свест. А токму трудовите како „Македонска Ризница“ претставуваат еден совршен портал на значајни информации за македонското, за она што било и за она што е.

Олицетворението на македонскиот непокор, нашите најголеми револуционери, биле истовремено и исклучителни интелектуалци. Зашто знаењето е и сила и моќ. И само обединети во име на македонската кауза, со богат дух и негуван ум може да излеземе од оваа битка на нашата генерација како победници, со исправени рбети и со кренати глави. Тоа им го должиме на нашите славни предци и на нашите идни поколенија.

Марија Котовска

No comments: