Friday, January 03, 2014

Македонска Ризница, осумнаесетти број

Осумнаесетти број на електронското списание „Македонска Ризница“:


Почитувани читатели,

На почетокот од новогодишните и божиќни празници во првите денови од 2014 година како најубав можен новогодишен подарок го добивме и 18-от број на електронското списание „Македонска Ризница“, кое илустрира еден убав дел од душата на Македонија презентирајќи ни ги духовните, природните и културно историските вредности на оваа наша земја.

Тука имате ексклузивна можност од прва рака да се запознаете со творештвото на автори научници, историчари, етнолози, археолози и други соработници чии имиња помалку или повеќе можеби и не ви се познати но нивните дела се значајна алка од македонската научна индустрија.

Сакам да упатам благодарност првично до редакцијата, а потоа и до сите оние соработници кои овозможија „Македонска Ризница“ да биде еден светилник кој ќе знае на прав пат да ја насочи и просветли научната мисла во современото море од информации. 

Цицерон еднаш кажал соба без книги е како тело без душа. „Македонска Ризница“ нека биде еден дел од тој пламен кој ќе ви ја збогати душата и затопли срцата. Сè што треба да направите е да отворите и да прочитате. Среќна Нова и Честит Божиќ
Со почит Мартин Стефановски