Sunday, January 19, 2014

Климент Охридски - стрип

„Kliment Ohridski“ (Климент Охридски), посветен на истоимениот македонски просветител, е стрип на Д. Ташковски (сценарио) и М. Топуз (илустрација).  Стрипот е објавен на 2 февруари 1968 година, како 134-ти број од југословенската стрип едиција „Никад робом“.



Во уводниот дел на стрипот пишува:

„Голем просветител

Две џиновски фигури стојат на прагот на македонската културна историја:

Климент Охридски и попот Богомил.

Додека попот Богомил ги поставил основите на силното богомилско движење кое пет векови ги нишало темелите на догматската зграда феудална Европа, дотаму Климент Охридски, пред полни 1050 години, го развил бајракот на словенската писменост и просвета.

Иако Климент Охридски, за чие што име е врзана охридската глаголска школа, својот културен гениј го развил на теренот на Македонија и меѓу македонските Словени, сепак неговото дело, како и делата на сите генијални луѓе на светот, не може да се врзе исклучиво за македонската национална граница. Напротив, тоа е своина на словенските народи воопшто. Бидејќи неговата борба околу ширењето на словенската писменост и просвета во суштина е само продолжение на гигантската борба која ја започнале во Моравија и Панонија неговите големи учители КИРИЛ И МЕТОДИЈ, кои наспроти „светата тројазичност“ ги поставиле темелите на словенската писменост и просвета, а со тоа и словенството го поставиле меѓу општоевропските културни токови.“

No comments: