Македонска Ризница, седумнаесетти број

Седумнаесетти број на електронското списание „Македонска Ризница“:



Драги читатели,

Во декември, дванаесеттата дванаестина од оваа 2013 година ќе ви ја претставиме ризницата од несекојдневни убавини, неоткриени богатства и можности, наречена Македонија.

„Кај нас има што да се види. Нема подобар одмор по напорна работна недела од прошетка во природа и птичарење. Успехот да се „улови“ со поглед (уште подобро со двоглед, фото-апарат или камера) некоја птица, причинува огромно задоволство“... „Ние во Македонија речиси и не погледнуваме нагоре кон паралелниот свет на тие прекрасни суштества - птиците! Велам, паралелен свет, зашто тие се тука - покрај нас, секаде околу нас. Тие ја разубавуваат природата, милозвучно пеат, а ние и не сме свесни за нивното присуство.“

Задоволство е и кога создаваш... кога со леснотијата на допирот под твоите дланки создаваш „доживување, приказна“, скулптура со историска вредност. Задоволство е кога создаваш со одговорност. Кога истражуваш и патуваш низ нечие туѓо време... Задоволство е кога во „еден момент, барем на кратко си целосно безгрижен и сфаќаш дека си најсреќниот човек на светот“.

Задоволство е кога го ловиш мигот кој никогаш повторно не ќе се случи и манифестира на ист начин... Задоволство е кога љубиш... Искрено, чисто, во секоја форма и големина... А „ваквите љубови секогаш, секаде создавале приказни и романи...“

Истражете го секое поле широко и секое море длабоко...зашто најубавите нешта не секогаш се на видно место пред нашите очи... Така драги читатели ве оставам и вие да ја истражите оваа Македонска Ризница.

Сања Бежовска

No comments: