Кочо Рацин - живот, песни и смрт

Во издание на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес објавен е стрип албумот „Кочо Рацин - живот, песни и смрт“. Автори на ова дело се Ване Трајков (сценарио) и Димитриј Михајловски (цртеж).


1 comment:

Anonymous said...

Стрип центар на Македонија

СТРИП КНИГА „КОЧО РАЦИН-ЖИВОТ, ПЕСНИ И СМРТ“

Во издание на Македонскиот стрип центар со седиште во Велес објавена е стрип книгата „КОЧО РАЦИН-ЖИВОТ,ПЕСНИ И СМРТ“, со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Сценариото е на Ване Трајков -инаку извршен директор на СЦМ Велес ,а одговорноста за ликовно презентирање на сценариото ја превзеде младиот Димитриј Михајловски, исто така од Велес.

Според авторите, во ова дело намерно не е даден акцент на детали и поедини периоди од животот на Кочо Рацин . Важноста е во практичната примена на стрип културата, нешто што сеуште е редок пример во нашата земја .

Мегутоа едноставниот пристап на раскажување на приказна преку слика ги плени луѓето од цел свет повеке од 100 г. Затоа стрипот се здоби со репутација на „деветта уметност“, тој е приказна која е базирана на сценарио и е раскажана преку слики . Впрочем ,еден од великаните на стрипот Хуго Прат има речено дека„ тој ги црта текстовите и ги пишува сликите“. Според други дејци, стрипот е „филм на хартија“ но многу поефтин и поостварлив одколку вистинскиот филм .

Стрипот може да има своја примена во образованието, економијата, маркетингот. Стрипот овозможува соодветен тип на неформално учење и запознавање со историја, географија, антропологија и др..пример се стриповите објавувани во мегапопуларниот „ПОЛИТИКИН ЗАБАВНИК“. Затоа, не случајно, некои влади одделуваат огромни суми за стимулација на стрипот во нивните земји, а на училиштата и академиите сериозно се изучува.