Monday, December 16, 2013

Христо Татарчев

На денешен ден во 1869 година е роден македонскиот револуционер Христо Татарчев.

Д-р Христо Татарчев (16 декември 1869, Ресен – 2 јануари 1952, Торино, Италија) бил лекар, еден од основачите на Македонската револуционерна организација и прв претседател на Централниот комитет. Завршил гимназија во Пловдив, а медицина во Цирих и Берлин. Во 1901 бил уапсен и заточен во Бодрум Кале. По амнестирањето бил член на Задграничното претставништво на ЦК на ТМОРО. Бил и еден од основачите на Македонската федеративна организација.

1 comment:

Петре Митров said...

Определил себе си като Българин, Христо Татарчев в завещанието си пише: "
Завещавам цялото си имущество на община Ресен ако общината е в Свободна България. Ако общината е в Социалистическа Югославска Македония завещавам цялото си имущество на македонското дружество в град София."