Непочитување на законот за македонски јазик

Ме радува тоа што во врска со последниот случај на непочитување на македонскиот јазик и на законот за македонски јазик при именувањето на чаирското училиште се крена релативно голема медиумска прашина:

„Таблата на чаирското основно училиште Конгреси и манастирит е против уставна и незаконска - оценува универзитетскиот професор Гордана Силјановска.“, „Таблата на чаирското училиште Конгреси и манастирит е противуставна и незаконска“, 24Вести, 27.11.2013



Повеќе од јасно е дека со ова законот за македонски јазик е нарушен.

Па сепак треба да се напомене дека ова не е прв ваков случај на непочитување на законот за македонски јазик. На 17 декември 2011 година, на овој блог беше објавен написот „Лириа ???“ за случај со исто такво непочитување на законот за македонски јазик при именувањето на нова спортска сала во селото Жеровјане.

Зборот „Лириа“ на македонски јазик нема никакво значење, односно во македонскиот јазик не постои таков збор. Со самото тоа називот на оваа сала (и основното училиште) на македонски јазик е во спротивност со законот на македонски јазик и член 7 од Уставот на Република Македонија.

Член 7 од Уставот: „Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“.

Да појасниме: називот на салата (и основното училиште) на албански јазик е „Liria“ што е легитимно. Проблемот е што овој назив на албански јазик наместо да се преведе на македонски јазик како „Слобода“ тој само е препишан на кирилица и гласи „Лириа“.

Тоа би било исто како спортска сала (или основно училиште) со назив на македонски јазик „Слобода“, да се преведе на албански јазик како „Sloboda“.

Дали последниот пример со именувањето на чаирското училиште ќе остане несанкциониран исто како и претходните случаи на непочитување на законот за македонски јазик или пак сепак општествениот притисок ќе даде резултат, останува да видиме.

Но повеќе од јасно е дека доколку сега не се стави крај на погазувањето на македонскиот јазик, тоа ќе продолжи да ни се повторува и во иднина.

Види и:

No comments: