Wednesday, November 27, 2013

Во потрага по Александар Македонски

Во култната хрватска емисија Na rubu znanosti во епизодата U potrazi za Aleksandrom Makedonskim [Во потрага за Александар Македонски], емитувана во понеделникот [25.11.2013] на Hrvatska radiotelevizija [HRT], освен за најпознатиот македонски крал Александар Велики, повторно стана збор и за Македонија.

Гостинот Домагој Николиќ, независен истажувач, сподели поголем број на негови размислувања за Александар III Македонски, за неговиот живот и за местото каде што тој бил закопан, кои што се на работ на науката.

Целата емисија:



Избор од неколку цитати [преведено од хрватски]:

[0:04:36] „Александар Македонски ни останува како трајна фасцинаца. Го прикажуваат секако, знаете, го прикажуваат како Грк. Јас лично мислам дека тој не е никаков Грк, дека тој е Македонец. Дека е тој Македонец со славјанска крв, никако грчка. Ние знаеме дека тој со Грците често разговарал со преведувачи и дека Грците во неговата војска и обратно кога некој се обраќал на грчките трупи тоа го прави со помош на преведувачи. Неговата војска изгледа дека имала околу 37 000 војници од кои само 7 биле Хелени, приближно 7000 биле Хелени, Грци. Останатите биле Македонци, Траки, Илири и така натаму“, Домагој Николиќ [0:05:28]


[0:05:57] „...и така една голема ѕвезда, која што дури и се спомнува во Библијата, во првата книга на Макабејците [The First book of Maccabees], во изрека се спомнува Александар Македонски како уединител на светот, како господар цар на царевите. А изгледа дека се спомнува и во книгата на Даниел [Book of Daniel], во приказната за царот овен“, Домагој Николиќ [0:06:18]

Гробниот рид во близина на Свети Николе

[0:21:45] „Постојат народни преданија во Македонија, кои што говорат дека тој [Александар Велики] е погребан во Македонија. Е сега, имајќи предвид дека исто така едно од езотеричките и метафизички правила е дека мора кругот да се затвори, тоа значи дека почетната и крајната точка на кругот се една т.е. иста. Тоа значи дека и еден живот мора да се затвори на начин каде човек е роден таму мора да биде погребан. Во спротивно кругот не е затворен и кругот на инкарнацијата не може да се продолжи. Според тоа би излегло дека Александар е закопан некаде во близина на градот Пела односно Билазора“, Домагој Николиќ [0:22:30]

Геоглифот во близина на Свети Николе

[0:22:51] „Билазора се наоѓа, град, кај Свети Николе, тоа е еден град во Македонија. На работ на тој град се наоѓа едно археолошко наоѓалиште, многу монументално, многу убаво... Се работи за тој антички град кој што се вика Билазора. Недалеку од таму се наоѓа еден голем гробен рид... голем, 85, ми се чини, на 45 метри, кој што на себе има еден многу чуден геоглиф кој што изгледа како слика на Касиопеа [Cassiopeia]. Е сега има причина да веруваме дека тоа всушност е гробницата на кралот Александар или македонскиот цар“, Домагој Николиќ [0:23:46]

Соѕвездието Касиопеа
[0:23:58] „Касиопеа [Cassiopeia] е едно од најсјајните соѕвездија на небото, можеби и најсјајното.  Таа се вика, ја викаат кралица на небото, устоличена, сјајна. Според митовите, антички, се работело за македонска кралица“, Домагој Николиќ [0:24:17]

Види и: