Thursday, November 28, 2013

НЛО посети на Македонија во 2007 година

65. Забележан НЛО над Скопје,
мај 2007, Скопје[64]

Анонимно сведоштво за виден НЛО над Скопје во 2007 година, објавено на форум.

Вчера, околу 10.30 навечер над Скопје имаше нешто многу чудно. Точка ептен силна и прво помислив дека е авион, арно ама бидејќи не трепкаше помислив дека е сателит, за 2 секунди подоцна светлото да биде се послабо и послабо и се добиваше чуство како да оди во далечина а не да кружи околу земјата, по 5-10 секунди го снема комплетно... :ija:ја се извадив од памет, секоаш им се смеам на тие кои вадат вакви муабети, ама од ова уплав ме фати... да не го примети некој друг ова? :nesum: :toe: “[64]

66. Пронајден череп со едно око, без уши и три рокчиња,
2007 година, околина на Штип [65][66]

Наводно откритие на череп на вонземјанин во околината на Штип.


„Черепот со едно око, без уши и три рокчиња. Пронаоѓач кој се занимава со карпеста уметност, во пештера во околината на Штип, случајно ископал череп со исклучително необична форма. Засега само еден општ лекар ја анализирал формата и заклучил дека черепот не е од човек. Сензација или квази-научност? Раководен од сопственото искуство за распознавање на човечки черепи случајно ископани при обработка на земјата, сопственикот на овој пронајден череп е убеден дека овие коски не се остатоци од човечко суштество. Иако наликува на череп од човек, оваа глава од двете негови страни има остатоци од три пара коскени израстоци во вид на рокчиња. Черепот е со отвор за само едно око, без ушни шуплини и со три рокчиња на челото. Скелетот бил составен од необично долги коски на екстремитетите. Пронајдениот скелет не се наоѓал во хоризонтална положба, туку во исправена - блага вертикална положба. Черепот нема два очни отвори, ниту отвори за уши, специфична усна празнина без заби.“[65]

Приказната за овој откриен череп малку потсетува на онаа за черепот на ѕвезденото дете (Starchild skull).[67] Штета што черепот не е истражен и нема инфомација за тоа кој е откривачот, а со тоа во прашање е доведена и веродостојноста на целиот случај.

За забележани чудни суштества во Македонија има уште еден запишан настан[68]

[64] Вонземјани, НЛО... (375), Кајгана (Nemiseverue), 01/06/2007
[65] Необично откритие во околината на Штип, Кајгана, 23/09/2007
[67] Starchild skull, Wikipedia

No comments: