Македонска Ризница, четиринаесетти број

Четиринаесетти број на електронското списание „Македонска Ризница“:



Почитувани читатели,
Пред нас е месецот во кој што ќе ја одбележиме  22-годишнината од независноста на Република  Македонија. Тоа е вовед во независностa и културната еманципација на македонскиот народ, како и вовед во една нова историја која заеднички, секојдневно ја градиме. Речено е декa „Племето наше е пиреј, и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земја и пак ќе се фати, ќе оживи ...“*


Затоа со огромна чест и задоволство Ви го претставувам четиринаесеттиот број на е-списанието „Македонска Ризница“, преку кое уште еднаш се докажа вечноста, истрајноста и борбеноста на народот. Затоа што народ без своја историја е народ без душа. А без душа не би постоеле.
 
Празникот 8-ми Септември нека даде поттик на секој од нас, за продолжување на битката за духовно богатство. Се надевам дека секоја страница од оваа ризница ќе побуди една поголема љубов и почит кон ова парче земја на сите Македонци ширум светот. Како што постои едно сонце денот што го осветлува, така постои и една татковина  срцата што ги угрејува.
 
Милица Пашовска
 
*Цитат од романот “Пиреј” на Петре М. Андреевски

No comments: