Wednesday, September 04, 2013

НЛО посети на Македонија во 2000 година

38. Најпозната средба од трет вид во Македонија,
2000 година, под врвот на планината Јама [5]

Најпозната средба од трет вид, според уфологот Стојмир Симјаноски, е онаа од 2000 година, под врвот на планината Јама.

Најпозната средба "од трет вид" кај нас, според Симјановски, е таа кај месноста Јама, меѓу Дебар и Кичево, позната по вакви настани.

- Според кажувањата на селаните, во 2000 година, под врвот на планината Јама, од големо вселенско летало излегле десетина мали суштества високи околу еден метар, облечени во сребрени комбинезони. И денеска на тоа место има вдлабнатина во земјата, а околните дрвја се навалени на иста страна - раскажува Симјановски.
“[5]

Според други, кај Јама бил забележан НЛО и претходната година.

39. НЛО над Ѓаволски ѕид,
2000 година (2001 или 2002), Ѓаволски ѕид [36]

Според едно локално верување, т.н. Ѓаволски ѕид бил изграден од вонземјани.

„...кај народот, во малку подревна форма, постои верување дека овој ѕид е дело на вонземјани и како факт се наведуваат приказни според кои во последните пет децении наводно над овој ѕид биле забележани педесетина НЛО...“[36]

На небото, во близина на месноста во која што се наоѓа Ѓаволскиот ѕид, според очевидци, во повеќе наврати се забележани НЛО.

„- Пред три години (забелешка: 2000, 2001 или 2002 ?), - тврди долгододишниот риболовец Злате,- цела ноќ над Ѕидот надлетуваа летала кои не испуштаа никакви звуци и фрлаа необична сина, но продорна светлина. Цела ноќ, од другата страна на Брегалница од страв завиваа волци и кучиња. Утрото додјоа некои непознати луѓе од Штип, најдоа некој необичен метал, го зедоа и си заминаа без збор.

Тоа особено често било во летните месеци, особено Август, најчесто ноќе, иако ги имало и дење. За ваквите необични и чести појави во 2000 година неколку пати се пишуваше и зборуваше и во повеќе медиуми во Македонија и странство.“[36]

За очевдиците кои што забележале НЛО во близина на ѕидот се тврди дека воопшто не се малку.

„Приказни со НЛО - основа се особено присутни и последниве четири - пет години (забелешка: 1998-2005 ?). Голем број на риболовци и ловци од овој регион се спремни да се заколнат дека мошне често видувале необични летала како го надлетувале Ѕидот, па дури и се спуштале до него.“[36]

Еден од очевидците кои тврдат дека забележале НЛО во близина на овој ѕид е дедо Иљо од селото Богословец.

„Пред три години (забелешка: 2000, 2001 или 2002 ?), во повеќе наврати во наши слободни разговори извесен Дедо Иљо од селото Богословец тврдеше дека уште кога бил дете збележувал со неговите другари необични летала што мошне често го надлетувале Ѕидот што предизвикувало страв кај месното население.

- Необичните "ароплани” ги гледаа скоро сите од селото и кришум се крстеја. Не смееја да кажат на никого оти се плашеа да не ги прогласат за луди.“[36]

40. Забележан НЛО над Цареви Кули,
август 2000, Цареви Кули[1][2]

Ако не ги броиме случаите над Ѓаволскиот ѕид, во 2000 година во Македонија има шест случаи на забележан НЛО. Во август НЛО бил видн над месноста Цареви Кули.

„Во август 2000 вонземјаните, како призраци, летале над месноста Цареви Кули...“[1][2]

41. Забележан НЛО над Валандово,
август 2000, Валандово[1][2]

Истиот месец НЛО бил виден и над Валандово

„Во август 2000 вонземјаните, како призраци, летале над ... Валандово.“[1][2]

42. Забележан НЛО над Штип,
август 2000, Штип[1][2]

Штип и оваа година не бил одминат од вонземјаните.

„Во август 2000 вонземјаните, како призраци, летале над ... и повторно Штип.“[1][2]

Во овој период и Мики Трајчевски, попознат како Мики Ли[37], движејќи се во близина на трговскиот центар во Штип, на сред бел ден тврдеше дека глада НЛО.

Мики Ли Трајчевски [38]

Всушност ова не е единствениот пат кога го тврдел истото.

„Мики Ли Трајчевски, по потекло од Штип, е човекот кој тврди дека ... имал контакт со вонземјани“[39]

43. Забележан НЛО над Охрид,
лето 2000, Охрид[40]

Според сведоштво споделено на македонски Интернет форум, во 2000 година НЛО бил виден и во Охрид.

„Едно лето, пред 5 години бев во Охрид на плажа (не ми текнува на која) и наеднаш коа кренаф глаа... на небото на сред езеро глеам нешто во вид на топка, 5-6 пати помала од Сонцето ама светеше :idea: јако (бела боја) скоро колку него. 8)

Кога погледнав надоле, цела плажа зачудено гледаше во небото, сите ја видоа топката. Стоеше таму без да се помести сигурно повеке од 1 минута... и наеднаш ИСЧЕЗНА :shock:

До тогаш не сум видел такво нешто ама според се што имам читано и гледано за НЛО, дефинитивно сум сигурен дека беше тоа. Има и многу клипчиња со НЛО што изгледаат баш така...“[40]

44. Забележан НЛО над Охрид,
лето 2000, Охрид[41]

Постои уште едно сведоштво за виден НЛО во Охрид во 2000 година, но овој пат објектот бил забележан ноќе.

„2000 во Охрид, околу 22 - 23 часот, и јас и жена ми видовме нешто, шо никако друго не можам да си го објаснам освен како „НЛО„

нема шанси да беше било шо шо е познато до сега на планетава...

им пркосеше на законите на аеродинамиката, направи неколку такви движења/маневри, шо и двајцата останавме неколку минути едноставно неми - но комент...“ [41]

[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia
[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002
[5] НЛО носат абер за непогода, Дневник, 18/03/2006
[36] Македонски кинески ѕид, мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид", Организација на жени на општина Свети Николе, 2003-2005 (?)
[37] Штипски бездомник со натпросечна интелигенција, Вест (Т.Јовановски), 01/06/2009: „Штипјани го знаат како Ли бездомникот но ретко кој знае дека тој ги владее англискиот, германскиот, францускиот и германскиот јазик и дека во вреќата од која не се дели носи книги и весници. Штипјани велат дека Ли бездомникот е заштитен знак на тешките транзициони години во Штип. Само што ќе го видат со долгата брада и во стара износена облека како талка по штипските улици, некои со жалење, а други со потсмев го коментираат животот на Мики Трајчевски под отворено небо.
Ретко кој знае дека Ли бездомникот, како што го викаат штипјани, зборува неколку светски јазици. Со странците со кои се сретнува во градот комуницира најчесто на англиски јазик. "Кога ќе ме видат во стара и искината облека не им се верува дека можам да ги упатам и да им помогнам да се снајдат во градот. Јас сум фанатик. Не ми е важно дали ќе бидам губитник. За мене животот е борба", вели Мики.
"Уште како дете собирав и читав странска литература. Речниците што ги собирав од странците што ги среќавав се дел од мојата лична библиотека. Така ги научив англискиот , францускиот, рускиот јазик. За германскиот најмногу можам да и се заблагодарам на професорката Станка со која и денес кога се сретнеме во град се поздравуваме и разговараме само на германски јазик. Таа постојано ми повторува дека и бев најдобар ученик", вели Мики.
"Посебно ме интересира нуклеарната физика. Ова поле е бескрајно и неистражено. Од едни Руси кои беа во Штип дојдов до книга за Јуриј Гагарин. Книгата ги пренесува неговите зборови за тоа како го гледал светот кога бил во вселената. При неговиот прв лет. Интересна книга исто како што е интересна и книгата 'Астрономија' од Горе Ценев член на Астрономското друштво во Скопје кој е мој пријател и со кого соработував подолго време", додава Мики кој жали за тоа што тогаш немал никакви финансиски можности да го продолжи школувањето во Винча.
Преку ден Мики талка низ градот, но не питачи. Во вреќата што постојано ја носи со себе става само она што добронамерниците ќе му го дадат. Вреќата обично му е полна. Ретко кој знае дека е полна со весници, книги и некоја корка леб. "Имам прочитано над 6000 книги. Читам и по месечина. Редовно ги прелистувам весниците. Некои мислат дека ги земам за да се греам. Но, јас се топлам со топлината што ми ја дала природата, а пишаниот збор го чувам како зеницата во окото".
36-годишниот Мики Трајчевски повеќе од половина од својот живот живее сам откако на 16 годишна возраст останал без родители. Мајка му Радмила ги напуштила и заминала во непознат правец, а татко му Смиле исчезнал како пробен пилот во тогашната ЈНА без никаква трага и глас. Уште тогаш Мики барал истрага за неговото исчезнување, но никогаш не била спроведена. Животниот пат го водел од Нови Сад каде што се родил, па преку Лесковац, Врање, Куманово, Скопје каде што татко му бил воено лице за да заврши во Штип, град во кој никогаш немал постојана адреса на живеење и никогаш не успеал да најде работа. Вели поради надворешниот изглед не нашол разбирање и со еден германски бизнисмен кој сакал да го ангажира во неговата штипска конфекција како преведувач од германски јазик. Тоа била прва и единствената сериозна можност нешто да работи. "Мојот изглед е мој свет и не го менувам за ништо, макар да гладувам цел живот", вели Мики.
Ли бездомникот повеќе години живееше во хангарите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во Штип кои се наоѓаа веднаш до реката Брегалница.
"Воените хангари беа стари и промаја шибаше од сите страни, ама пак ми беа некаков кров над глава. Сега и тоа го нема. Хангарите, случајно или не, изгореа. На нивно место преку ноќ никна нов приватен објект. Заедно со хангарите изгоре и целата моја лична документација. Ниту мислам, ниту имам можност да вадам нова лична карта", вели Мики кој сега живее каде ќе најде, спие каде ќе го затече ноќта, понекогаш и на снегот под отворено небо, на картон под него, покриен само со некој скинат партал.
Мики не прима никаква социјална помош. "Побарав еднаш, бев одбиен, а сега како што немам никакви документи ниту имам намера повторно да барам", вели бездомникот кој сега само се надева дека државата ќе му најде каков таков кров над глава.“
[38] (ВИДЕО) „Откриена“ мистеријата на круговите кај Штип, Дневник,  09/07/2012
[39] Македонскиот вонземјанин, Конзули, 17/04/2012
[40] Вонземјани, НЛО... (36), Кајгана (SilentBoB), 30/07/2005
[41] Вонземјани, НЛО... (43), Кајгана (Serdarot), 04/08/2005

No comments: