Thursday, August 15, 2013

Глупав и поглупав

Во само два, од многуте, написи поврзани со македонските туристи во Грција објавени завчера (13.8.2013) на македонските медиуми се вели следново:


„Три нови случаи на оштетувања на возила, беа пријавени од страна на македонски државјани кои престојувале во Грција и кои вчера се враќаа во земјава, со што вкупниот број на вакви инциденти летово се искачи на 53 случаи...

Со овие три новорегистрирани случаи во неделата, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција евидентирани се вкупно 53 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 53-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 37 се кражби на регистарски таблички, од кои во 25 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори со 6 кражби. По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 13 случаи.

Од вкупниот број случаи - 34 се пријавени од страна наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. 27 од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.“


„Наместо со фотографии и исончан тен, штипско семејство остана без одмор во Грција. Крадци им ги украле парите, додека спиеле во апартманот во Неа Врасна. Дома успеале да стигнат со помош на пријателите.

Истиот ден биле ограбени и други македонски туристи и уништени неколку возила. Без одмор останеле и туристи од Србија.

Ова е еден од последните случаи што им го загорчеа одморот на македонските туристи во Грција. Според статистиката на МВР, досега се пријавени 53 оштетувања на возила и одземања на таблички...“

Се поставува прашањето кој во случајов е поглупавиот, дали грчките хулигани кои што им ги уништуваат автомобилите на оние кои што со тоа што одлучиле таму да отидат на летен одмор директно ја подпомагаат економијата на нивната банкрот земја или пак македонските туристи кои што отишле да остават пари во државата која што години наназад работи за разнебитувањето на нивната татковина Македонија?

No comments: