Thursday, August 22, 2013

НЛО посети на Македонија во 1997 година

24.Забележан НЛО над штипски Исар
28 март 1997 над штипскиот Исар[1][2]

По паузата од 1992 година, во Македонија во 1997 година повторно се забележани НЛО.

„...на 28 март 1997 над штипскиот Исар.“[1][2]

25. Забележан НЛО над Стење,
3 април, 1997 година, Стење[1][2][32][33]

Во 1997 година се забележани дури 9 вонземјански посети на Македонија. Меѓу нив е и оваа:

„На 3 април 97 селото Стење повторно го надлетувале вонземјани...“[1][2]

„На 29 март 1997 година нешто чудно се појавило на небото над селото Стење. Жителите на селото се колнеле дека на небото виделе летало во форма на голема печурка, со три ногарки од долната страна. На кружните рабови на леталото, кое застанало сосема ниско над куќите, блескале повеќе разнобојни светла, кои некако неизменично светнувале со црвена, сина и со жолта боја.“[1][2]

„Пред околу 10 години, во селото Стење, во непосредна близина на Преспанското езеро, наводно се случи појава на НЛО. Колку што се сеќавам, беа видени 5 летечки објекти кои ги менувале боите и се движеле со неверојатни маневарски способности.

Имам колешки на факултет кои се од албанска страна на Преспанското езеро, каде што живеат македонци, ги прашав за овој настан да не знаат некоја информација. Ми рекоа дека се запознаени со тоа бидејќи имаат роднини во Стење. Не можеа да ми кажат подетално за овој настан бидејќи не се заинтересирале да дознаат повеќе, но во секој случај ми ја потврдија дешавката.....

А да, ќе заборавев, двеве колешки тврдеа дека светлата биле жолти кои се менувале во сите нијанси на жолта.... “[32]

„А бе тоа со Стење како што кажуваа едни жени биле некои најлони кои летале и на некој му се присторили дека тоа е НЛО па шо сега, ај ќе викнеме ТВ, да го популаризираме селото и да го развиеме туризмот! Мислам дека сето тоа се случило наутро околу 5-5.30 часот.“[33]

26. Забележан НЛО над Пресека,
1997 година, Пресека[1][2]

Во 1997 година НЛО бил забележан и во Пресека.

„...истата година биле посетени и Пресека...“[1][2]

27. Забележан НЛО над Раштани,
1997 година, Раштани[1][2]

Во 1997 година вонземјаните не испуштиле да го посетат и Раштани.

„...истата година биле посетени и... Раштани.“[1][2]

28. Забележан НЛО над Штип,
10 април 1997 година, Штип[1][2]

Оваа 1997 година, над Штип НЛО бил забележан трипати.

„и повторно Штип.“[1][2]

„На 10 април 1997 година, во периодот меѓу 9 и 11 часот, над Штип одеднаш се појавиле два бели огромни правилни бели круга, со дебелина на обрачите од околу половина метар. Немало штипјанец што не го видел и што не го збунило чудото, бидејќи природните појави, како виножитото или други слични, се вертикални, додека двата круга над Штип биле во хоризонтална положба.

- Кога на 10 април 1997 година МТВ јави дека дента над Штип се забележани два чудни бели светлечки круга, кои камерите и ги покажаа, следуваше и стручно објаснување дека тоа е природна појава која настанува како последица на јонизацијата на воздухот или прекршувањето на светлината. Меѓутоа, тогаш никој не спомена дека двата круга над Штип биле хоризонтални, што ја менува ситуацијата и дава слика на НЛО - вели во својата книга Симјаноски.“[1][2]

29. Забележан НЛО над Штип,
мај 1997 година, Штип[1][2]

За втор пат во 1997 година, вонземјанитеги посетиле штипјани во месец мај.

„Во мај 1997 свратиле пак над Штип...“[1][2]

30. Забележан НЛО над Бистра,
1997 година, Бистра[1][2]

„...на 5 јуни истата година над Бистра...“[1][2]

31. Забележан НЛО меѓу Кичево и Другово,
јули 1997, меѓу Кичево и Другово[1][2]

„...јули 1997 помеѓу Кичево и Другово...“[1][2]

32. Забележан НЛО над Штип,
ноември 1997, Чавкова чешма, Штип[1][2]

Третиот случај на НЛО посета на Штип во 1997 година е онаа над Чавкова Чешма во ноември.

„...ноември 1997 над Чавкова Чешма кај Штип.“[1][2]

[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia
[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002
[32] Вонземјани, НЛО... (736), Кајгана (MEDDLE), 05/03/2008
[33] Вонземјани, НЛО... (743), Кајгана (Chombe_United), 05/03/2008

No comments: