Tuesday, July 09, 2013

Модификации на знамето на Република Македонија, прв дел

Колекција од повеќе модификации на актуелното знаме на Република Македонија. Најголем дел од модификации кои што ќе бидат претставени во овој и во уште четири написи се доста симпатични, направени се со добра намера и е интересно да се видат. Иако во помал дел, сепак има и такви кои што се направени со зла умисла, поттикнати од пропагандистички цели насочени против нашата татковина. Споменувањето во овој напис на вторите е единствено со документаристичка намена и авторот на овој блог во никој случај не се согласува со идејата на нивните креатори, напротив.
 
1. Модифицирано македонско знаме со срце


Модифицирано македонско знаме со срце наместо централен сончев диск, по повод денот на вљубените. Извор на сликата: И на Македонија и треба нашата љубов, I, Macedonian.

Македонското знаме вметнато во срце може да се види на следниве врски: I Love Macedonia, Ја сакам Македонија - слика, Ја сакам Македонија, I love Macedonia, I love Macedonia - picture, Ich liebe Mazedonien, Ich liebe Mazedonien - Bild...

Слично знаме:


Насликано модифицирано македонско знаме со срце може да се види овде (извор: Нова Македонија):


Комбинација меѓу срце и македонско знаме (од 1992-1995 година) може да се види и на оваа врска.

2. Знаме на Кошаркарска Република Македонија


Модифицирано македонско знаме со аплицирани линии од баскет на централниот сончев диск, по повод учеството на Р. Македонија на Евробаскет 2011. Извор на сликата: Добредојдовте дома македонски херои, I, Macedonian.

Втора верзија на ваквото знаме:



Трета верзија на ваквото знаме со баскет:


Извор на сликата: Macedonian Basketball, автор: TheDarkness86 (07/06/2012)

Од друга страна пак на логото на КФМ, баскетот и линиите на баскетот се направени да личат на знамето на Р. Македонија.

3. Знаме - ЕУ Македонија


Модифицирано македонско знаме со аплицирани ѕвезди од знамето на ЕУ. Извор на сликата: EU Macedonia, автор: Fenn-O-maniC (12/11/2011).

Нешто обратно, односно аплицирање на македонското знаме врз знамето на ЕУ имаше во кампањата „И сонцето е ѕвезда“ (The sun is a star too).

Знамето на Р. Македонија беше аплицирани и на знамето на САД, што може да се види на оваа карикатура: Macedonia 51st state. Извор на сликата - The Macedonian Tendency.

4. Знаме - Епл Македонија


Модифицирано македонско знаме со логото на Епл (Apple) наместо централен сончев диск. Извор на сликата: World is an Apple: Macedonia, автор: eangelini2 (17/07/2009). Авторот на ова знаме има направено повеќе модификации на државни знамиња со вметнување на логото на Епл.

5. Алтернативно знаме на Р. Македонија со крст


Модифицирано македонско знаме со избришани (4) дијагонални зраци и со аплицирана слика на Св. Георги (Saint George) и ламјата во централниот сончев диск. Веројатно модификцијата на знамето е инспирирана од Крстот на Св. Ѓеорѓи (St George's Cross)

Веројатно непознато за авторот, но сепак интересно, е дека македонскиот преродбеник Ѓорѓија Пулевски спомнува древно македонско знаме на кое што бил претставен Св. Георги. Извор на сликата: Alt. Flag of Makedonia, автор: Moto53 (20/08/2011)

6. Знаме на македонската твитер заедница


Модифицирано македонско знаме со логото на твитер наместо централен сончев диск. Извор на сликата: Ping. За повеќе слики од вистинското знаме на македонската твитер заедница:  .мк Тwitter република

„Новото МК твитер знаме“:


Извор на сликата: Новото МК твитер знаме, автор: Neb. Gelevski - Bane, според идејата на (Македонската верзија на Твитер би имала кокошка за лого)

7. Знаме - избери RT



8. Модифицирано знаме на Р. Македонија во стилот на Кит Харинг


Модифицирано македонско знаме во стилот на Кит Харинг (Keith Haring). Извор на сликата: Keith Haring МАКЕДОНИЈА!, автор: Neb. Gelevski - Bane

9. Знаме - отпор против промена на името


Модифицирано македонско знаме со тупаница наместо централен сончев диск, по повод отпор против промена на името. Извор на сликата: Протестно писмо до Мисијата на ЕУ, I, Macedonian.

10. Знаме на македонско-турското здружение од Битола


Знаме на македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола, кое што претставува комбинација помеѓу знамето на Р. Македонија и она на Р. Турција. Извор на сликaта: Знаме на етничките Турци од Македонија, I, Macedonian.

11. Знаме на ЈаМакедонија


Комбинација на македонското знаме и она на Јамајка. Извор на сликата:  jaMAiCEDONIA, автор: fredboyslim (02/05/2008).

No comments: