Sunday, July 28, 2013

Написи без датум

Имам забележано дека неколку македонски портали, на написите кои што ги објавуваат, никаде немаат напишано од кој датум се. Па така доколку се пребарува за некој настан, и истиот се најде на некој од овие сајтови тој сепак останува безвреден со оглед на фактот дека не е спомнато кога се случил.



Впрочем овој портал има и уште еден недостаток, а тоа е неможноста да се преберува низ него. Никаде нема поле за пребарување.

Се надевам дека ќе ги исправат овие недостатоци што би било и во интерес на читателите, а со самото тоа и во нивен интерес.

No comments: