Thursday, July 25, 2013

Модификации на знамето на Република Македонија, трет дел

23. Да живее Македонија! Да живее К'тулу!



Извор на сликата - К`тулу FB страна
 
24. Провокација од Бугарија

Комбинација на македонското знаме и она на Република Бугарија, на плакат нарачан од бугарското ВМРО. Извор на сликата: Бугарските политичари со закани за македонските граѓани ако влезат кај нив, Вечер.

За разлика од претходните модификации кои што не се направен со никаква лоша намера и умисла, оваа модификација на македонското знаме е со цел на пропаганден начин лажливо да се прикаже наводниот бугарски карактер на Република Македонија.

25. Провокација од Србија


Слично како и претходниот пример, со оваа модификација, поставена од српски расисти, се цели на лажлив начин да се прикаже наводниот српски карактер на Република Македонија. Извор: Stormfront.

26. Албанскиот орел врз македонското знаме.



Можеби на прв поглед изгледа дека модификацијава на македонското знаме е дело на одредени Албанци, но вистината е дека е направена од Србин, веројатно поради признавањето на Косово од македонска страна. Извор на сликата:  Future Flag oF Friendship 2, автор: VittorioMatteo.

Слично само малку поапстрактно модифицирано знаме:


Извор на сликата.

27. Македонско знаме - македонско-бугарска федерација


Ова е фиктивно знаме на Македонија од измислената од авторот на знамето бугарско-македонска федерација. Знамето е речиси исто како и актуелното со главна разлика дека позадината, во долната половина е црна наместо црвена. Со ова позадината е како онаа на знамето на ВМРО по 1920 година. Извор на сликата: Federation of Bulgaria and Macedonia, автор: VittorioMatteo.

Истиот автор има направено и комбинација од македонското и бугарското знаме - види врска.

Слики на фикциони знамиња на т.н. Голема Бугарија, која што во своја територија би ја вклучувала и Македонија има на следните две врски: Greater Bulgaria Flag, Greater Bulgaria Flag 2.

28. Грцизирано македонско знаме


Извор: Greek periphery of Nothern Macedonia.

29. Made by the Greeks


Модификацијата на македонското знаме со аплицирање на кукаст крст е со злобната цел да се навреди и омаловажи Република Македонија и да се покажат мускули. Извор на сликата .

Интересно е тоа што за разлика од авторот на оваа модификација кој што се гордее со ветото кое што неговата земја го ставила за прием на нашата земја во НАТО, грчкиот политички, за време на тужбата во Хаг, врв одлучно се огради од таквото вето.

Македонското знаме беше погрдено со кукаст крст дури и во весникот Елефтерос типос. Види: Македонското знаме со кукаст крст, Буш со мустаките на Хитлер.

Уште едно модифицирано од грчка страна македонско знаме, со вметнати кукасти крстови може да се види на оваа слика. Извор на сликата.

За сликата да биде целосна, би требало да се спомне дека и од македонска страна имаше модифицирање на знамето на нашиот јужен сосед преку вметнување на кукаст крст. Види: Не ме брани, жити се!, NATO’s double disgrace, Greek fury over swastika poster, Грција испрати протестна нота за навредливите билборди, Грција упати демарш, а Владата се огради од свастиката на билбордот на уметникот. Сепак и самите Грци имаат направено модификација на своето знаме со додавање на кукаст крст - врска.

30. Знамиња - Окно (1 дел)

Македонско знаме со аплициран кукаст крст  (Нацидонија) е објавено и на порталот Окно, во статијата „За глумењето „нормалност“ или Потоп од лаги во библиската земја“:

Во истата статија се објавени и неколку други модифицирани македонски знамиња, меѓу кои и едно со комунистичка петокрака со аплициран срп и чекан:
31. Знаме - McDonia


Човекот кој што на Flickr ја споделил сликата на ова модифицирано (од страна на одредени Грци) македонско знаме, пишува:

„...the macedonian flags is shown by the greek as "McDonia" insisting about USA pressions in the area.“

Извор на сликата: "macdonia" vs greece.

32. Микс


И оваа модификација на знаме е со пропагандна намера. Извор на сликата.

33. Знамиња - Окно (2 дел)


Модифицирано македонско знаме со аплицирање грчки текст долж сончевите зраци. Извор на сликата: Право, политика и историја во меѓународните односи: Македонија и Грција (1), Окно


Модифицирано македонско знаме со аплицирање на црвен лав од логото на партијата ВМРО-ДПМНЕ во централниот сончев диск. Извор на сликата: Право, политика и историја во меѓународните односи: Македонија и Грција (2), Окно

No comments: