Thursday, July 11, 2013

Една година од постоењето на Македонска Ризница

По повод јубилејот, една година од постоењето на нашето и ваше електронско списание посветено на македонската историја, култура, уметност, традиција и бит, редакцијата на „Македонска Ризница“ одлучи да им се заблагодари на сите свои досегашни соработници. Дигитални благодарници ќе бидат доделени на сите оние кои што на било кој начин учествувале во збогатувањето со содржина на некој од досегашните 12 броеви на „Македонска Ризница“. Освен дигитални, и отпечатени благодарници ќе им бидат доделени на сите соработници, со исклучок на оние неколкумина со кои што не успеавме да договориме и изнајдеме начин истите да им бидат врачени, како и на оние од странство.



Во текот на овој месец ќе се потрудиме сите над 50 испечатени благодарници да стигнат до нашите ценети соработници. Првиот кому што му врачивме благодарница е магистер Кире Филов од Штип кој што во збогатувањето на „Македонска Ризница“ со историски статии учествува уште од нејзиниот прв број. Благодарницата на магистер Филов, на 1 јули 2013 година, му ја врачи графичкиот уредник на „Македонска Ризница“, Сашо Гачев.
 
А.С.
издавач на „Македонска Ризница“

За да ги видите сите благодарници - клик

No comments: