Плавалагуна

Еден од моите омилени филмови е научно-фантастичниот Петтиот елемент со Брус Вилис и Мила Јовович во главните улоги. Овој филм на францускиот режисер и сценарист Лук Бесон изобилува со интересни споредни, а сепак битни ликови, меѓу кои е и оперската дива - Плавалагуна.


Уште во 1997 година, кога за прв пат го изгледав Петтиот елемент на изнајмена видеокасета, ме зачуди изборот на нејзиното име. Еве што интересно за името на Плавалагуна пишува на најпознатата Интернет филмска енциклопедија IMDb:

„Plavalaguna, Diva's name, is actually composed of two words: Plava and Laguna. "Plava" in Serbian, Croatian, Montenigrin, Macedonian and Bosnian language means Blue (feminine, masculine would be "plav"). "Laguna" in the same languages means lagoon. So her name is Blue Lagoon.“

No comments: