Прва блиска средба од трет вид на уфологот Стојмир

6. Прва блиска средба од трет вид на уфологот Стојмир,
2 септември 1957, 10 километри од село Иванчишта [1][2][5]

Во селото Иванчишта, во 1957 година, само два дена откако бил виден претходно споменатиот НЛО, евидентирана е и блиска средба од трет вид:

„Два дена по тој настан овчарот Живко Силјановски донесе чудно бебе, кое го нашол десетина километри од селото, високо во планината. Бебето беше долго 30 сантиметри и имаше полупроѕирна кафеава кожа. Меѓу прстите на рацете и нозете имаше розеникава кожна мембрана како кај жабите и, кога ќе допревме некој дел од телото, тоа се грчеше. Селаните мислеа дека е некое чудовиште и го вратија во планината - раскажува 67-годишниот Стојмир Симјановски од Кичево за својата прва средба "од трет вид", што било и причина тој да почне да се интересира за вонземскиот живот.“[5]

Би можело да се претпостави дека пронајденото вонземјанче е нешто овоземско како на пример фрлено несакано бебе, но сепак кожената мембрана меѓу прстите не би се вклопила во таквата хипотеза.

„- Сега воопшто не можам да се присетам што всушност работевме, но еден момент некој од овчарите што минуваа тука со овците, извади нешто што го носеше на две прачки и го донесе кај нас. Долги години се мачам да се присетам што точно беше тоа. Овчарот го стави на неколку папратки и ние се собравме околу него. Суштеството тој го нашол во долот и прво му заличало на фрлено голо, штотуку родено бебе, но му било необично и затоа го зел и го донесе да го покаже. Беше долго околу триесет сантиметри, широко 10-12 сантиметри и толку сантиметри дебело. Ми се чини дека и сега го гледам пред себе, а татко ми го вртеше за да го разгледаме подобро. Бојата му беше некоја комбинација од сива и од бакарна, со чудни бледоцрвени линии. Немаше коса на зашилената глава, која личеше на рибина. Крлушки немаше, но имаше набрана кожа, под која на градите се истакнуваа ребрата. И рацете и нозете, наместо овални, беа ромбоидни, со истакнат раб и одозгора и одоздола тој преминуваше во проsирна 'рскавица од задната страна. Наместо опашка, имаше лигава проsирна кожичка која завршуваше во задниот дел на колената, во форма на малку повеќе зашилено лопатче - сведочеле неколкумина селани од кичевското село Лекомлаче за вселенското бебе што го нашле во далечната 1957 година.“[1][2]

Сличен случај е опишан од член на форумот Кајгана. И покрај тоа што автентичноста на ваквите анонимни сведоштва е сомнителна, сепак го пренесуваме:

„Pa 50 i kusur godina(dedo bil mlad) i vo seloto kaj so zivejt(Jablanica) ...Imalo golema svetlina i potoa posle nekoj den vo diviot paprat nasle nekoe sustestvo! Golemo bilo kolku novorodencen i celo selo se sobralo... Sustvestvoto bilo mrtvo no koa ke go cepnele so stap se zgrcuvalo... Bilo sino so golemi oci i prozirna koza... selanite si rekle deka nekoe deformirano dete koe majkamu go frlila... no dedomi misles deka nema sansi da e dete poso VOOPSTo ne liceno... no seljaci ko seljaci dete e pa dete e i go ostajle da skapat... a gospod znajt kolku istrazuvanja ke istaea od nego... Epten izlgedalo jako..pusto nemale aparat da go slikaat“[29]

[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia
[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002
[5] НЛО носат абер за непогода, Дневник, 18/03/2006
[29] Вонземјани, НЛО... (600), Кајгана (Префриганиот!), 18/12/2007

No comments: