Првиот астронаут кој што ја посетил Македонија?

1. Древен астронаут,
7000-1000 пне, Куманово[7][8]

Во македонскиот град Куманово, во сопственост на една тамошна фамилија, постои камена плоча на која што се смета дека е претставен хуманоид во скафандер.


„Камена плоча, стара меѓу три и девет илјади години, на која е претставена фигура во оклоп на астронаут како храни еднорог крилат коњ, веќе сто години се наоѓа во семејното наследство на едно кумановско семејство.“[7]

Овој со милениуми стар артефакт е пронајден на археолошкиот локалитет Поза рид - Шојлеви камења, Светиниколско.[8]

Приказот на древниот астронаут од македонската плоча, до одреден степен наликува на петроглиф од Вал Камоника (Rock Drawings in Valcamonica) стар околу 12000 години[9][10]

Петроглиф од Вал Камоника

Според теоријата на древните астронаути (Ancient astronauts)[11][12], дел од петроглифите од Валкамоника (Valcamonica) Италија, се вонземјани кои што уште пред новата ера ја имаат посетено нашата планета. За теоријата...

За оние кои што сакаат да научат повеќе, темата древни посети на НЛО на земјата, ја обработува документарната серија Ancient Aliens [13]


Според оваа теорија за древните астронаути и астронаутот од македонската камена плоча би можело да се смета за вонземјанин (древен астронаут) кој што пред 3000-9000 години, колку што се смета дека плочата е стара, ја посетил Македонија.[8]

Астронаутот од камената плоча исто така потсетува и на дел од петроглифите Ванџина (Wandjina Petroglyphs) стари 5000 години [14][15]

Петроглифи од Ванџина

За жал, и покрај тоа што би се вклопил во теоријата за древните астронаути, оваа македонска камена плочка, надвор од Македонија е речиси целосно непозната.

Сепак и покрај тоа што подржувачите на теоријата за древните астронаути, веруваат дека располагаат со несоборливи докази, меѓу кои и петроглифите во Вонџина и Вал Камоника, за посета на вонземјани на земјата, постојат и такви кои што сметаат дека ваквите петроглифи немаат никаква врска со НЛО посети:

„Откритијата на древни уметнички дела коишто отсликуваат мистериозни фигури помогнале во тоа да се појави теоријата за „древните астронаути“, според којашто вонземјаните ги посетиле предисториските луѓе, веројатно општејќи и споделувајќи знаења со нив. Поборниците на оваа теорија посочуваат кон определени примери, како што се специфичните камени резби во Вал Камоника во Италија, како и Вонџина петроглифите (на сликата погоре) во Австралија. Кога овие примери како доказ за некакво вонземно присуство во древноста ќе се соочат со будното и студено око на науката, нивната убедливост значително се намалува. Популарната слика за две „вонземни“ фигури во Вал Камоника биле избрани од 200 000 цртежи – што е речиси сигурен знак за пристрасност и предубеденост. Испитувањата на Вонџина наоѓалиштето пак покажале дека некои цртежи биле повеќекратно пребојадисувани, така што фигурите исто така доживувале своевидна еволуција, поради што оригиналните дела за нас стануваат непознати.“[16]

Дали на македонската камена плочка е преставен антички астронаут кој што ја посетил Македонија или пак се работи за стилизиран човек, тешко е да се каже.

[8] Коловрт - можно значење, Macedonian Documents, 22/11/2010
[11] Ancient astronauts, Wikipedia

No comments: