Friday, May 31, 2013

Прва евидентирана НЛО средба во Македонија

3. „Прва евидентирана НЛО средба во Македонија“,
мај 1942, кај селото Добреноец, кичевско [1][2]

Според уфологот Стојмир Симјаноски,  првата евидентирана НЛО средба во Македонија датира од 1942 година:

„...Првпат НЛО над Македонија бил виден во мај 1942, кај селото Добреноец, Кичевско "Беше околу осум навечер и тамам се имаше стемнето. Бев во дворот кога насекаде блесна светлина како да е ден. Над ридот над мојата куќа полека леташе светлечки креденец. Си реков во умот дека е тоа некоја божја работа. Не се исплашив, туку ме обзеде некое блажено чувство. Си имав мака со болното срце, па ревма. Арно ама, откако го видов тоа на небото, се ми помина. Сега летам како младо момче", ни ја раскажа својата средба со НЛО во 1997, 90- годишниот Здраве Лазески од кичевското село Раштани. Драстичното подобрување на неговото здравје било потврдено и од неколку лекари-специјалисти.“[1][2]

Интересно е дека мој предок исто така има забелажно силна светлина која накратко ја претворила ноќта во ден:

„Пред околу 100 години, токму на Бадник, ноќта спроти Божиќ, дедото на мојата баба (мојот прапрадедо) враќајќи се од пазар забележал силна СВЕТЛИНА која како СОНЦЕ ја осветлила земјата и ноќта ја претворила во ден. Дали од страв или од премореност не погледнал нагоре за да види какво било небото. Кога веќе се созел од возбудата веќе било доцна - светлината исчезнала. Оваа приказна се пренесува како семејно наследство во мојата фамилија. Ми ја има раскажувано мајка ми, нејзе нејзината мајка, а пак таа слушала од нејзините родители.“[27] 

Сведоштвото на Здраве Лазески за забелажан НЛО е поткрепено и од неколкумина негови соселани:

„Неговата приказна ја поткрепуваат исказите на неколкумина негови соселани, кои во исто време го виделе истото летало. Тие биле од другата страна на ридот и на диво береле дрва. Кога блеснало леталото, помислиле дека се запалила шумата и избегале за да не ги обвинат нив.“[1][2]

Според некои извори, за време на оваа прва НЛО средба во Македонија, бил виден и вонземјанин:

„Првпат НЛО над Македонија бил виден во мај 1942, кај селото Добреноец, Кичевско, кога бил виден и вонземјанин...“ [1][2]

4. НЛО повторно забележан кај Добреноец
1943, кај селото Добреноец, кичевско [1][2]

Според Стојмир Симјаноски, истото место каде што за првпат во Македонија е евидентирана НЛО средба, следната година повторно било мета на вонземски посетители:

„следната година повторно кај Добреноец.“[1][2]

[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia
[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002
[27] Среќен Божиќ, Internet Macedonian, 07/01/2011

No comments: