Како да се откажете од Фејсбук?

Доколку сте Фејсбук зависници и мислите дека единствениот можен начин за да се откажете од него е ако го продадете компјутерот, имаме добри вести, постои и друго решение.


Со намера својата четиринаесет годишна ќерка да ја оттргне од социјалната мрежа, Пол Бајер (Paul Baier), решил тоа да го направи со договор.[1]

Доколку Рејчел Баиер (Rachel Baier) го деактивира својот Фејсбук профил и во текот на неполни пет месеци[2] ниту еднаш не се вклучи, според договорот од 4 февруари, таа од својот татко ќе добие ни помалку, ни повеќе туку рамно 200 американски долари[3]. Најинтересен дел од овој невообичаен договор е дека не бил по идеја на таткото туку на неговата ќерка, а за да разбереме дали Рејчел ќе ги добие парите, сепак ќе треба да се стрпиме до 26 јули, кога договорот истекува.


Всушност случкава ме потсети на тоа дека во 2000-2001 година и јас имав слично искуство. Бидејќи премногу време поминував пред монитор, со дедо ми направивме (неформален) договор, за ако успеам да издржам еден месец без воопшто да го вклучувам компјутерот, како награда да добијам 500 денари... Издржав :)

[1] Dad Pays Daughter $200 To Quit Facebook, The Blog Herald (James Johnson), 07/02/2013
[2] Од 04/02/2013 до 26/06/2013
[3] На две рати. Првата од 50 долари на 15/04/2013 и втората од 150 долари на 26/06/2013

No comments: