Wednesday, April 03, 2013

Македонска ризница, активности

Како дел од активностите на редакцијата на електронското списание „Македонска ризница“, со цел поврзување со останати македонски патриотски весници и споделување искуства, испратени беа писма до „Нова Зора“ весникот на Македонците во Грција, „Македониум“ е-весникот на Македонците во Албанија и „Македонски глас“ весникот на македонската заедница во Хрватска.

Во продолжение ви ги претставуваме текстовите од писмата.

www.novazora.gr
novazora[at]novazora.gr

Почитувани,
На Вашиот сајт за весникот „Нова зора“, освен последниот број кој може да се прелистува виртуелно, не успеавме во архива да ги најдеме и претходните броеви. Претпоставуваме дека причината за тоа е поради ограничениот хостинг/трафик на Вашиот сајт. Со цел тоа да се надмине, односно и постарите броеви да можат да се прелистуваат виртуелно, исто како и новиот број, би сакале да Ви сугерираме Вашиот весник да го прикачувате и на сајтот issuu.com, а потоа секој прикачен број, преку embed-code, да го поставувате на вашиот официјален сајт.

Со тоа на Вашиот сајт во архива ќе ги имате сите претходни броеви кои ќе можат виртуелно да се прелистуваат, без притоа истото да се одрази штетно на Вашиот хостинг пакет/трафик. Имајќи предвид дека посочениот сајт, issuu.com, може бесплатно да се користи, тоа нема да се одрази штетно ниту на Вашиот буџет.

Ние веќе седум месеци, за нашето електронско списание „Македонска ризница“ (issuu.com/makedonska_riznica) ги користиме усугите на овој сајт (како и на scribd.com) и сме исклучително многу задоволни. За било какви прашања во врска со истиот, доколку знаеме би Ви одговориле со задоволство.

Со почит и надеж за евентуална соработка,
Редакција на електронското списание „Македонска ризница“
(issuu.com/makedonska_riznica)

Македониум
kontakt[at]makedonium.net

Почитувани,
дозволете ни да ја изразиме нашата огромна радост поради појавата на Вашиот тријазичен весник, на македонски, албански и англиски јазик, „Македониум“. Се надеваме дека сега, кога тој претставува реалност, Македонците во Албанија ќе се консолидираат и ќе изградат неуништливи мостови помеѓу себе и дека нивните граѓански и малцински права ќе се издигнат до посакуваното ниво.

Од медиумите разбравме дека освен што статиите од весникот ќе ги објавувате на Вашата веб страна, makedonium.net, дека истиот месечно ќе биде печатен и во 1000 примероци. Со цел поголема читаност, би сакале да Ви препорачаме весникот „Македониум“ да го хостирате и на страната issuu.com, или на некоја слична на неа (пример scribd.com), за тој да може да стигне до поголем број на луѓе кои што немаат можност да добијат печатено издание, а би сакале да го прочитаат и да видат како тоа изгледа.

Хостирањето на весникот на посочената страна е бесплатно, а таму веќе објавениот број би можеле многу едноставно да го поставите и на Вашата официјална веб страна или пак да го споделите на Фејсбук. Во исто време страната симулира реално прелистување на секое на неа поставено списание, што може да се провери.

Ние веќе неколку месеци по ред таму го објавуваме нашето електронско списание, месечникот „Македонска ризница“ (issuu.com/makedonska_riznica) и сме многу задоволни. Доколку и Вие се одлучите на тој чекор Ви стоиме на располагање за некои евентуални прашања кои би можело да се појават.

Со почит,
Редакција на електронското списание „Македонска ризница“
(issuu.com/makedonska_riznica)

Македонски глас
zajednica.makedonaca1[at]zg.t-com.hr / zmurh.hr[at]gmail.com

Почитувани,
Би сакале да Ви честитаме на ангажманот за зачувување на идентитетот, обичаите и културата на Македонците во Хрватска преку Вашиот весник „Македонски глас“, како и за промоцијата на македонско-хрватското пријателство.

И ние како редакција на електронското списание „Македонска ризница“ (issuu.com/makedonska_riznica) во неколку наврати сме пишувале за македонско-хрватската поврзаност и пријателство, како што е на пример интервјуто со хрватскиот лингвист Мате Каповиќ (број 1), написот за хрватскиот уметник Владимир Кирин (број 3) и интервјуто со претседателот на Здружението на Хрватите Славонија - Скопје (број 2).

Со почит и надеж за евентуална соработка,
Редакција на електронското списание „Македонска ризница“
(issuu.com/makedonska_riznica)

Во иднина слични писма ќе бидат испратени и до други македонски патриотски весници.

No comments: