Одмазникот од деволските шуми

„Osvetnik devolskih šuma“ (Одмазникот на деволските шуми) е стрип нацртан од познатиот македонски стрип илустратор Љупчо Филиповски по сценарио на М. Јанковиќ. Стрипот е објавен на 23 декември, во далечната 1966 година, во 76 број на југословенската стрип едиција „Никад робом“.


Во воведот на стрипот пишува:

„Отпор на византиските сили

Својот најголем подем македонската држава го достигнала за време на владеењето на царот Самуил. Но византискиот цар Василиј II бил решен по секоја цена да ја освои Македонија. Затоа по неговата смрт веднаш започнал нови походи. Но и овој пат не успеал во целост. Успеал до 1014 година да ги освои Битола, Прилеп и Штип, а во текот на наредната година Воден и Меглен.

За сево ова време во Македонија се водела борба за престолот. Ароновиот син Јован Владислав, најпрво го убил самуиловиот син Гаврил Радомир, а потоа и зет кнезот Јован Владимир, со цел за себе да си го обезбеди престолот. Потоа се обидел да склучи мир со Византија. Василиј II не прифатил и борбата била продолжена. Траела без прекин околу две години. Резултатите биле поменливи. Имало низа на безуспешни напади на Струмица, Перник и Костур. Привремено бил освоен Охрид, а дури на крајот на 1017 година кај Сетине во јужна Македонија нанесен е тежок пораз на Јован Владислав. На почетокот на 1019 година, при опсадата на Драч, загинал Јован Владислав.

Високите племенски лидери, кои после неговата смрт застанале на чело на борбата, за да си ја зачуваат својата титула и позиција, не изразиле желба да ја продолжат борбата. Градовите без отпор се предавале, а потоа се ставани во служба на Византија. Измачувањата, убивањата, раселувањата, биле секојдневна појава. Затоа народот грчевито се бранел. Односот на силите бил неспоредлив. Поединечните отпори биле задушувани. Народните водачи со своите луѓе се повлекле во други земји за од таму да ја продолжат битката.“

Интересна тривија е дека и покрај тоа што стрипот целосно е на српско-хрватски јазик со латинично писмо, една реченица на 16 страна (Држите га!) е на кирилица.

No comments: